Среќа

Среќа

Како беше онаа, пеперутката е среќа, не… среќата е пеперутка, ако трчаш по неа ќе ти бега, ако застанеш мирно, ќе ти застане на рака… да, мислам дека се разбираме, тоа е поентата. Среќа, среќа, среќа, добро луѓе, што всушност значи тоа СРЕЌА?

Еве на пример како јас ја разбирам среќата.СреќаСреќа е кога на крајот од денот, се враќаш дома и сфаќаш дека всушност се чувствуваш како скапана праска, не си способен да апсорбираш какви било информации од светот околу тебе, ти течат солзи од што ти се спие, те болат колената, те боли и самиот мозок, ама не можеш да дочекаш да се разбудиш следното утро и да почнеш со новите обврски кои ги носи новиот ден. Велам среќа е, зашто си исполнет, па дури и во таа фаза на „скапана праска“ ти доаѓа да полеташ.

Среќа е кога ќе се натокмиш да гледаш филм со Џејсон Стејтам во главната улога (значи не е стар, постои нешто како евергрин дури и во сексапилот), и филмот почнува да кочи, да сецка, ти доаѓа да го издрецкаш компјутерот пет пати од земја и на крај да го фрлиш низ прозор. Ама среќа е бидејќи со срце и душа чекаш да добиеш добра верзија, така долгоочекуваниот филм ќе го доживееш како нешто најдобро што можело да ти се случи во моментот.

Среќа е на пример, кога имаш премногу ужасен ден, и тоа што треба да оди нагоре ќе замине удолу, и тоа што го тераш десно ќе замине лево, ама кога ќе си стигнеш дома, ќе се завиткаш во ќебенце и ќе си направиш топло кафе или чајче, сфаќаш дека всушност ти си најсреќната особа на светот.

Нели сонцето заоѓа за да може да изгрее? Ако секогаш ни е светло, никогаш нема да ја сфатиме убавината на зајдисонцето или на изгрејсонцето. Ако никогаш немаш чувство на лутина и гнев, како ќе го распознаеш спокојот? Ако не ги слушаш ноќните птици кои те плашат во темните ноќи, како ќе ја цениш песната на славејчињата наутро? Затоа среќа е буквално сè, дури и тоа што на прв поглед изгледа дека не е.

„На крајот, нема да биде важно колку пати длабоко сте воздивнале, туку колку моменти ви го одзеле здивот“.

До следното читање,

Вашата Ели.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. nikakvo Reply

    На крајот, нема да биде важно колку пати длабоко сте воздивнале, туку колку моменти ви го одзеле здивот. eee ova e najdobroto!

  2. лола Reply

    среќа е што те знам 😉

Остави коментар