Спремни за фитнес: 5 нешта кои не би требало да ги правите пред тренинг

Спремни за фитнес: 5 нешта кои не би требало да ги правите пред тренинг

Направете добра плејлиста, соодветно облечете се и малку истегнете се. Сега сте потполно спремни за тренинг. Но, пред да започнете, обрнете внимание да не ги направите овие грешки бидејќи можат да имаат големи последици врз мускулите и воопшто врз вашето здравје.

1. Да пиете алкохол

Па макар било и само една чаша. Која било количина алкохол пред тренинг е многу за вашиот организам. Во зависност од нивото на толеранција, кај едни тоа може да има поголемо влијание, кај други помало. Но сепак, алкохолот може да предизвика поспаност, дехидратација, стеснување на крвните садови, намалени моторни функции и многубројни други ефекти кои не се добри при вежбањето. Дури и само една чаша алкохол може да го намали нивото на шеќерот во крвта – што може да доведе до ослабување на мускулите, а пак тоа може да резултира со нивна повреда.

2. Да пиете премногу вода

Имате уште еден саат до тренингот и наеднаш сфаќате дека во последно време воопшто не сте пиеле вода. Затоа одлучувате сега да испиете што е можно повеќе. Од старт правите грешка. Кога ќе се напиете многу вода, наместо да бидете добро хидрирани, вие ќе го постигнете спротивниот ефект. Бубрезите можат да обработат само еден литар вода во еден саат, така што ако испиете повеќе од тоа може да се случи да добиете хипонатремија.

1-spremni-za-fitnes-5-neshta-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-pred-trening-kafepauza.mk

Тоа е состојба во која крвта премногу се разредува, а концентрацијата на натриумови јони нагло опаѓа. Нејзините симптоми се губење на енергија, ослабување на мускулите и грчеви. Иако е тешко (но не и невозможно) да испиете повеќе од еден литар вода во рок од еден час, сепак докторите велат дека не е добро да пиете ни по две до три чаши вода во еден час. Особено не ако правите вежби со скокање. Затоа што така ќе ја чувствувате водата во стомакот, а тоа може да предизвика и повраќање.

3. Да јадете претерано зачинета храна

Освен ако не сакате да ждригате за време на тренингот. Ваквата храна во комбинација со вежбање може да го зголеми ризикот од испуштање на желудочна киселина до хранопроводот, која го иритира и создава ждригавица. Ова може да ви пречи за време на тренингот, предизвикувајќи ви болка или горчлив вкус во устата. Поради тоа што на стомакот му е потребна крв за да може да ја свари храната, мускулите нема да ја добијат во потребната количина – што значи дека тренингот ќе го завршите многу порано одошто треба.

Пред тренинг избегнувајте: месо, јајца, пченка – т.е. храна што е тешка за варење. Наместо тоа одберете некое лесно овошје или оброк полн со јаглехидрати кои ќе ви ја дадат потребната енергија.

4. Да имате секс

Ако сакате да имате секс пред тренинг, тоа веројатно ви е лоша идеја. Сексот ќе ви ја истроши целата енергија што ви е потребна за тренингот. Плус, при сексуалниот однос се ослободува окситоцин – хормонот на среќата кој го опушта телото, а ваквото опуштање не е добро пред вежбање.

2-spremni-za-fitnes-5-neshta-koi-ne-bi-trebalo-da-gi-pravite-pred-trening-kafepauza.mk

5. Да се обидувате да ги допрете прстите на ногата

Оваа вежба е големо НЕ кога станува збор за загревање на телото. Кога вежбате, мускулите треба што појако и поинтензивно да се контрахираат, но ако ги истегнете на ваков начин, ја намалувате нивната сила. Едно истражување покажало дека силата на мускулите на луѓето што се истегнуваат на овој начин била за 8,36% намалена во однос на оние кои имале динамично истегнување пред тренингот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар