Спречете го да ве изневери: 3 мудри женски тактики кои ќе го спречат она што најмалку го посакувате

Спречете го да ве изневери: 3 мудри женски тактики кои ќе го спречат она што најмалку го посакувате

За многу жени најлошата работа што може да се случи во врската е изневерувањето, а голем дел од оние што биле изневерени не успеваат да се подобрат до самиот крај. Понекогаш е невозможно да го спречите, особено доколку сте во врска со личност која не може да биде моногамна, но со овие неколку совети барем ќе знаете дека сте презеле сè за да не дојде до тоа.

1-sprechete-go-da-ve-izneveri-3-mudri-zhenski-taktiki-so-koi-kje-go-sprechat-ona-shto-najmalku-go-posakuvate-www.kafepauza.mk_

1. Бидете свесни дека сите сме способни да изневериме

Имајте ја на ум изреката „Никогаш не вели никогаш“, па така никогаш немојте да тврдите дека баш вие не би можеле да го изневерите вашиот партнер. Животот знае честопати да нè тестира баш таму каде што сме мислеле дека сме најјаки, а кога еднаш ќе признаете дека тоа може да му се случи секому, автоматски ќе станете поопуштени кога е во прашање изневерувањето. Жените кои се во константен грч поради можноста дека нивниот партнер ќе ги изневери, често токму поради тој грч несвесно го доведуваат партнерот во состојба во која тоа му се чини како единствен излез. Може да ви се случи вам, може да му се случи нему, но да се надеваме дека нема.

2. Погрижете се за овие четири работи

Мажите изневеруваат поради различни причини, а истражувањата покажуваат дека тоа најчесто го прават, бидејќи во врската не добиваат доволно внимание, нежност, благодарност и восхит. Вистина е дека поради забрзаниот животен ритам често забораваме да му покажеме на партнерот колку ни значи, односно се надеваме дека тој веќе го знае тоа. Ако во врската секојдневно ги практикувате овие четири работи, ја намалувате шансата дека партнерот ќе го побара тоа на некое друго место.

3. Внимавајте на вашето однесување

Голем број жени толку интензивно се занимаваат со можноста дека партнерот ќе ги изневери што понекогаш ги затвараат очите на работите што самите ги прават. Вашиот разговор со колегата за време на ручекот може да ја премине границата, а тоа многу лесно ќе се случи ако цело време барате знаци на изневерување кај партнерот, а ги игнорирате кај себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар