Справете се со нервозниот шеф: 3 психолошки трикови за избегнување на стресот на работа
Стресот е еден од најголемите проблеми во денешниот модерен свет. Тој лесно може да предизвика ментални, но и физички потешкотии. Во ситуациите кои изобилуваат со стрес, луѓето често го менуваат своето вообичаено однесување, па затоа и лесно стануваат незадоволни, цинични и анксиозни. Со цел да го спречите ова да се случува на вашето работно место, погледнете ги следниве 3 психолошки трикови кои ќе ви помогнат полесно да се справите со вашиот нервозен шеф и да го намалите вашиот стрес на работа.
1. Најпрво треба да сфатите дека и вашиот шеф е човечко суштество со свои одговорности и обврски. Обидете се да го погледнете со малку разбирање и емпатија, наместо со лутина и страв. Ставете се во неговите или нејзините чевли и погледнете го светот од нивните очи. Без сомнение брзо ќе забележите дека тие се многу послични на вас одошто претходно сте верувале.
2. Не се преокупирајте со анализите за причината на моменталната состојба на вашиот шеф. Наместо тоа, фокусирајте се на она врз кое можете да имате контрола – вашите резултати. Потпрете се на оние нешта кои се најдобри кај вас и промовирајте ги вашите вредности. Бидете она што сте, останете искрени и отворени без разлика на околностите во кои се наоѓате.
3. Повикајте позитивни чувства преку визуелизација. Станува збор за една од најлесните и најделотворни техники за намалување на стресот. Токму затоа следен пат наместо да замислувате како се карате со вашиот шеф, вие замислете дека го/ја прегрнувате. Дали сте знаеле дека се доволни 20 секунди во нечија прегратка за да се поттикне хемиска реакција во вашето тело која ќе ја зголеми вашата доверба кон оваа личност? Едноставно замислете го вашиот идеален однос со шефот и држете се до тие емоции кога сте на работното место.
Со овие совети вие многу брзо можете да започнете нов живот во кој стресот нема да има клучно место. Менувајте се себеси и со оваа промена ќе влијаете позитивни и врз оние околу вас. Луѓето се многу чувствителни и тие брзо ќе ја забележат вашата промена. Исто така, доколку гледате на вашиот шеф позитивно, големи се шансите и дека тој или таа ќе го промени своето мислење за вас.