Според руски доктор: Излечете ги нарушувањата на тироидната жлезда со помош на неколку етерични масла
Болестите на тироидната жлезда се едни од најчестите здравствени проблеми во светот. Симптомите кои укажуваат на нарушување на работата на тироидната жлезда се: кршливи нокти, опаѓање на косата, зголемен јазол во пределот на вратот, нарушен срцев ритам, ненадејно губење или зголемување на тежината во кус период, краток здив, постојан замор, гадење, болки во мускулите, нервоза…
Третманот често бара лекови, промена на исхраната и начинот на живот, но Русите имаат природен начин за ублажување на симптомите на нарушена функција на тироидната жлезда, дури и нивно лечење, доколку болеста е во рана фаза!
Познатиот руски доктор Николајевски препорачува да се користи ароматерапија, и тоа со посебни етерични масла:
- Масло од валеријана – ја подобрува функцијата на тироидната жлезда
- Масло од каранфил и масло од лаванда – одлична терапија против ендокрина дисфункција
- Масло од магдонос – помага да се нормализира функцијата на тироидната жлезда
Се вели дека мирисот на овие масла придонесува за подобрување на здравјето на пациентите кои имаат нарушување на тироидната жлезда, но д-р Николајевски сепак не го открива целосно овој третман.
Па, нека вашата куќа замириса на масло од валеријана, каранфил, лаванда или магдонос, но немојте да се лекувате на своја рака.
Пред секоја употреба на какви било природни лекови, консултирајте се со вашиот лекар!
Погледнете го и овој лековит ликер стар 90 години кој лечи од анемија, проблеми со желудникот и тироидната жлезда.