Според науката овие луѓе живеат најдолго: Дали и вие сте едни од нив?
Истражувањата покажуваат дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на човекот. Научниците велат дека луѓето со крвна група А се помалку отпорни на маларија од останатите крвни групи, па може да се каже дека во тој контекст, оваа група е „послаба“ од другите. Но, која крвна група е најотпорна на болестите?
Со долгогодишните студии се востановило дека крвната група која има најсилен отпор е 0. Докажано е дека кај луѓето со оваа група постои помал ризик од кардиоваскуларни болести, меѓу кои и мозочниот и срцев удар, имаат помали проблеми со помнењето и концентрацијата и поретко заболуваат од одредени типови канцерогени нарушувања.
Поради тоа што нивниот организам е поотпорен на повеќето болести, луѓето со крвна група 0 живеат најдолго. Една од досега пронајдените причини зошто нулта крвната група е најотпорна е тоа што таа содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари најчесто се случуваат токму поради тоа.
Тоа што е добро за срцето е добро и за мозокот, па многу ризични фактори за кардиоваскуларните и срцевите заболувања се воедно и ризик за појава на разни психички нарушувања. На пример, познато е дека високиот лош холестерол и дијабетесот, кои предизвикуваат разни физички болести, се поврзуваат и со деменцијата и Алцхајмеровата болест.