Според научниците, секојдневното бакнување може да ви помогне да живеете подолго

Според научниците, секојдневното бакнување може да ви помогне да живеете подолго

Покрај тоа што бакнежите се едни од најубавите искуства во нашиот живот, од бакнувањето има и многу други придобивки. На пример, тоа може да ви помогне да живеете подолг и поздрав живот. Во продолжение дознајте што точно се случува со вашето тело кога го бакнувате вашиот партнер и какво влијание има тоа на квалитетот на вашиот живот.

Според научниците, секојдневното бакнување на партнерот ќе ви помогне да живеете подолго

1. Бакнувањето ги намалува алергиите

Изгледа дека 30-минутна сесија бакнување може да ги намали симптомите на алергијата од полен. Некои истражувања покажале дека добриот бакнеж го намалува растот на антителата на имуноглобулин А. Овие антитела ослободуваат хистамин, кој пак е одговорен за симптомите на алергија.

2. Бакнувањето го намалува стресот

Доколку постојано сте под стрес, бакнувањето е совршен начин да ја намалите напнатоста. Кога се бакнувате, телото произведува окситоцин кој е природна хемикалија за смирување. Овој хормон ја намалува анксиозноста и ви помага да се чувствувате порелаксирано. Исто така, за време на бакнувањето вилицата се релаксира и дишењето станува подлабоко – нешта што можат да ви помогнат да се справите со стресот.

3. Бакнувањето согорува калории

Бакнувањето може да ви помогне да согорите и до 120 калории за еден час. Се разбира, не може да го замени вежбањето, но барем не мора да се грижите за десертот што ќе го изедете. Само не заборавајте го правилото – колку подолго трае процесот, толку повеќе калории ќе согорите.

4. Бакнувањето прави да изгледате помладо

Страсниот бакнеж активира околу 23-34 од основните мускули на лицето и 112 од постуралните мускули. Зајакнувањето на овие мускули може да ви помогне да ги израмните брчките, да го оформите вашиот врат и да го забавите процесот на стареење, особено околу образите.

5. Бакнувањето спречува болести на белите дробови

Обично вдишуваме по 20 пати во минута. Но кога се бакнуваме, овој број се зголемува на 60 пати во минута. Оваа вежба е добра за вашите бели дробови бидејќи води до поголема изложеност на кислород. Ова пак ги прави дробовите посилни и се намалува ризикот од нивно заболување.

6. Бакнувањето го намалува крвниот притисок

Бакнувањето е добро за вашето срце и тоа не само на романтичен начин. Долгиот страстен бакнеж го регулира чукањето на срцето, го намалува холестеролот и го намалува крвниот притисок. Кога ќе се подобри циркулацијата на крвта, сите витални органи, вклучувајќи го и срцето, стануваат многу поздрави. Па колку повеќе се бакнувате, толку повеќе го намалувате ризикот од проблеми со срцето.

7. Бакнувањето ги намалува грчевите и главоболките

Бакнувањето ги проширува крвните садови и на овој начин ја намалува болката, особено главоболките и менструалните грчеви. Па кога ќе дојде следната менструација, немојте да барате лекови за болка, туку подарете му долг и страстен бакнеж на партнерот.

8. Бакнувањето го зајакнува имунитетот

Бакнувањето е добар начин да споделите бактерии со вашиот партер, а овој процес всушност го подобрува вашиот имунитет. Се претпоставува дека околу 80% од бактериите во плунката се чести кај сите, а 20% се уникатни кај секого. Па кога разменувате бактерии со партнерот, си помагате да создадете антитела кои се борат против разни инфекции.

9. Бакнувањето спречува кариес

Бакнувањето може да се смета како природен процес за чистење на забите. Кога се бакнувате лачите повеќе плунка во устата, која пак ги неутрализира киселините, ги чисти честичките од храна и ги отстранува бактериите.

10. Бакнувањето може да ја зголеми продуктивноста

Наводно, бакнувањето не е добро само за вашето здравје, туку може да ви помогне да живеете подобро. Истражување од Германија спроведено во 1970-тите покажало дека мажите кои секое утро ги бакнувале нивните сопруги, настојувале да бидат попродуктивни на работа, поретко земале боледување и заработувале повеќе. Покрај тоа, утринскиот бакнеж ви ја зголемува самодовербата и ја подобрува концентрацијата, со што се намалува ризикот од сообраќајна несреќа на патот до работа за 50%.

Прочитајте ги и овие интересни факти за бакнувањето што малкумина ги знаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар