Според Џ. К. Роулинг, „кршењето на правилата“ е можеби клучно за успехот

Според Џ. К. Роулинг, „кршењето на правилата“ е можеби клучно за успехот

Познатата авторка имала навистина тежок живот пред да се прослават нејзините книги. Самохраната мајка живеела од социјална помош додека ја пишувала „Хари Потер“. Токму овој серијал ја направи милијардер, но патот до успехот никогаш не е лесен.

Според Џ. К. Роулинг, „кршењето на правилата“ е можеби клучно за успехот

„Бев самохран родител, невработена и сиромашна колку што може да се биде во Британија без да бидам и бездомник“, изјави Роулинг во 2008-ма година.

Денес авторката има 53 години и научила многу на нејзиното комплицирано патување.

„Немам 10 правила кои гарантираат успех, иако ветувам дека ќе ги споделев ако ги имав. Морам да признаам дека не ги поднесувам листите со обврски, без разлика дали се наменети за животот или за пишувањето. Нешто бунтува во мене кога ќе слушнам што треба да направам пред да наполнам 50, или што треба да купам оваа сезона или што треба да напишам ако сакам да бидам успешна.“

Понекогаш најважно е самите да го создадете вашиот пат и да преземате ризици.

„Вистината е дека најдов успех лутајќи сама во насока за којашто повеќето луѓе мислат дека е слепа улица, во процесот кршејќи ги сите принципи за детските книги во 1990-тите, вклучувајќи ги и оние дека машките главни ликови не се во мода. Никој не ги сака училиштата настрана. Книгите за деца не треба да бидат подолги од 45.000 зборови.“

„Заборавете на тоа што мора да го направите и фокусирајте се на нештата без кои веројатно нема да стигнете далеку.“

Овде спаѓаат одликите како дисциплина, отпорност, понизност и независност.

„Стравот од неуспех е најтажната причина да не го направите она што требало. Конечно најдов храброст да почнам да им ја испраќам мојата прва книга на агенциите и издавачите во период кога се чувствував како голем неуспех. Дури тогаш одлучив дека ќе се обидувам за ова едно нешто за кое отсекогаш сум се сомневала дека можам да го правам и ако не успеев, па, се имав соочено и со полошо и преживеав.“

Според Роулинг, најважното нешто е да не се откажувате. Таа дури го закачила првото писмо во кое ја одбиваат на нејзиниот фрижидер за да се мотивира. За да го надминете стравот од неуспех, потребно е да заборавите на идејата дека сè ќе биде совршено. Никој не направил нешто совршено.

„Во пишувањето, како и во животот, вашата задача е да го дадете најдоброто од себе, да ги подобрите вашите ограничувања каде што е возможно, да научите колку што можете и да прифатите дека совршените уметнички дела се малку поретки од совршените луѓе.“

И за крај, поставете си го ова прашање:

„Зарем не сакате повеќе да бидете личноста која го завршила проектот за којшто сте сонувале, наместо да бидете личност која постојано зборува за она што сакала да го направи?“

Погледнете ги и секојдневните навики што можете да ги „украдете“ од Џ. К. Роулинг.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар