Спојте го и неспојливото: Вкусови што (не) треба да се мешаат
Чоколадо и сос од сојa
Солениот вкус на соја сосот го збогатува вкусот на чоколадото, а овие намирници заедно содржат овошни, цветни и шумски компоненти коишто се надополнуваат меѓусебно.
Натопете парче чоколадо во соја сос или ставете од сосот преку чоколадото или десертот.
Пица Маргарита и јагоди
Доматите, босилекот и моцарелата се одлична подлога за јагоди.
Вкусот на јагодите не е премногу различен од вкусот на доматите, така што овие две намирници се надополнуваат една со друга.
Темно чоколадо и ротквици
Кога ги јадете овие две намирници заедно, добивате робустен земјен вкус со примеси на сладост и горчина.
Пробајте да ставите парчиња темно чоколадо во салатата од ротквици.
Пица и туна
Вкусот на туна ќе ја направи пицата уште повкусна. Ставете туна низ пицата и уживајте во незаборавниот вкус.
Јагоди и пармезан
Јагодите завиткани во пармезан се многу повкусни од јагодите потопени во чоколадо.
Бутерната киселина што ја има во пармезанот во комбинација со флавоноидите од јагодите обезбедуваат засилен слатко-солен вкус.
Топло чоколадо и авокадо
Ако сакате дополнителен вкус и кадифена мазност во устата, додајте авокадо во вашето топло чоколадо.
Испасирајте го авокадото и додајте го во вашиот спој од топло какао и млеко.
Ананас и сино сирење
Ананасот и сирењето имаат многу заеднички состојки, а кога ќе се соединат, заедничките компоненти остваруваат интеракција и го засилуваат вкусот.
Во продолжение погледнете ги и реакциите на луѓето во ова видео во кое тие испробуваат чудни комбинации на храна кои имаат изненадувачки добар вкус.