Спојте ги прстите на овој начин и за неколку секунди дознајте дали ви се заканува рак на белите дробови: Овој едноставен тест може да ви го спаси животот

Спојте ги прстите на овој начин и за неколку секунди дознајте дали ви се заканува рак на белите дробови: Овој едноставен тест може да ви го спаси животот

Овој едноставен тест за кој е доволно да ги споите ноктите од показалците еден кон друг, може да ви покаже дали сте во опасност од рак на белите дробови.

Спојте ги прстите на овој начин и за неколку секунди дознајте дали ви се заканува рак на белите дробови: Овој едноставен тест може да ви го спаси животот

Тестот за „спојливи нокти“ (Schamroth window test) се изведува така што се спојуваат двата прста еден кон друг. Кога ќе ги споите меѓу двете ноктни плочи треба да има празен простор. Ако тој простор го нема, вашите нокти имаат благ облик на купола, а тоа може да биде знак на многу опасни болести како туберкулоза или рак на белите дробови.

Состојбата кога некое лице нема слободен простор помеѓу двата нокта при вршење на тестот, Ема Нортон, претставник од меѓународната здравствена компанија „Bupa“ го нарекува „nail clubbing“. „Clubbing“ е всушност кратенка за: C – цироза, Кронова болест, L – апсцес на белите дробови U – улцерозен колитис B – брахијална артерио-венска фистула B – бронхиектазија, I – инфективен ендокардитис, N – неоплазија G – гравесова болест.

Повеќето луѓе кои имаат карцином на белите дробови дури и не знаат за тестот, но токму тој може да ве предупреди за можноста од зафатеност со ова заболување. Тестот го користат медицинските експерти како делумен метод за да ја потврдат состојбата, но можете да го направите тоа и сами, затоа што тоа трае само неколку секунди, според Ема Нортон.

Научниците од Универзитетот во Лидс неодамна откриле зошто се појавува оток кај пациенти со карцином на белите дробови. Поточно, болестите на белите дробови, како што се туморите и ракот, предизвикуваат десетпати поголемо производство на PGE2, супстанца што му помага на телото да го смири воспалението во белите дробови. Заради тоа се собираат врвовите на прстите и тоа предизвикува нивно отекување.

Спојте ги прстите на овој начин и за неколку секунди дознајте дали ви се заканува рак на белите дробови: Овој едноставен тест може да ви го спаси животот

Отекувањето на прстите се јавува во три фази. Во првата фаза ноктите стануваат помеки, во втората фаза се појавува искривување на ноктите, додека во третата фаза се формира задебелување на прстите. Со едноставниот тест со прстите, можете да ја проверите состојбата на белите дробови во домашни услови.

Доколку сакате може да прочитате и за 15-те симптоми кои никогаш не смеете да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар