Спој на удобност и елеганција: Во оваа сезона изгледајте како модерна Французинка

Спој на удобност и елеганција: Оваа сезона изгледајте како модерна Французинка

Општо познат факт е дека Французинките спаѓаат во групата најдобро облечени жени во светот. Нивниот стил е префинет и елегантен, без многу варијации, секогаш инспириран од квалитетни, долготрајни парчиња облека. Всушност, стилот на Французинките е синоним за нешто проверено, складно, прекрасно и светски распространето, што ја објаснува причината заради која токму тие се инспирација на сите жени ширум светот. Истакнати се заради карактеристиките кои ги издвојуваат од останатите и ги прават посебни, па ако некогаш сте посакале да изгледате како Французинка, треба да знаете дека тоа не е невозможно, а потребно е да следите одредени правила. Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат во остварувањето на вашата желба.

1-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш имаат соодветен аксесоар

Кога ќе изберете едноставна, одмерена модна комбинација, задолжително надополнете ја со атрактивен аксесоар кој ќе биде како јагода на шлагот. Поентата е никогаш да не спојувате две впечатливи парчиња, туку секогаш едното да биде поедноставно за целосно да се истакне атрактивноста на второто. Изберете квалитетни обувки со специфичен облик или украс, посебно дизајнирана чанта, впечатлив шешир или дел од накит кој го одзема здивот – една работа од сето ова и ќе биде совршено.

2-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

2. Дополнете ја колекцијата со парчиња облека со пруги

Обидете се во вашиот шкаф да имате барем едно (иако пожелни се повеќе) парче облека со пруги. Французинките сакаат да носат блузи со пруги, како и аксесоари во ваков дизајн. Може да се каже дека ова е симбол кој го присвоиле, па затоа често го вклопуваат во разни облици при формирањето на модните комбинации.

3-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

3. Удобните обувки се најважната работа

Многу е важно кога го креирате вашиот изглед да знаете што да одберете за стапалата. Доколку сте соодветно облечени, но не знаете како да се движите во вашиот избор, тогаш целата модна комбинација пропаѓа. Често девојките не водат сметка за тоа дали нивните обувки се удобни и по секоја цена избираат модели кои се неодоливи за око. Воопшто не изгледа привлечно кога девојката не чекори правилно во нив, па затоа задолжително обрнете внимание на удобноста на вашите обувки. Изгледот е важен, но уште поважно е како сето она што сте го избрале ќе изгледа на вас.

4-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

4. Држете се до едноставното

Усвојте го правилото кое дозволува само три силни бои на вас, бидејќи сѐ над тоа е премногу. Потпрете се на едноставните, класични парчиња облека како малиот црн фустан или добро скроените панталони. Суптилно комбинирајте го материјалот и принтот, бидејќи важно е тие добро да изгледаат споено, а не поединечно.

5-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

5. Купувајте поголема облека

Мислиме на облеката во неутрални бои која можете да ја комбинирате со многу други модни парчиња. Избирајте облека која можете да ја носите и на повеќе начини, на пример фустан кој со посебен додаток може да го носите на некој специјален настан, но исто така и во секојдневните излегувања со пријателките на пијалак или прошетка низ градот.

6-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

6. Вие носете ја облеката, а не таа вас

Немојте да се потпирате на совршено избраниот стил, туку на ставот кој треба да биде носител на она што сте го избрале. Чекорете самоуверено, однесувајте се како што треба да се однесува една дама и немојте да бидете груби во ниту еден момент. Дури тогаш таа облека ќе го прими вистинскиот печат кој ѝ е задолжителен.

7-spoj-na-udobnost-i-elegancija-vo-ovaa-sezona-izgledajte-kako-moderna-francuzinka-www.kafepauza.mk_

Француските дами отсекогаш имале некој посебен шарм, а еве како и вие да шармирате како француските дами.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар