Специјално за гурманите: Најдобрите совети од италијанските готвачи

Специјално за гурманите: Најдобрите совети од италијанските готвачи

Не морате целосно да се откажувате од својата омилена храна и љубовта кон готвењето. Италијанците ни открија неколку совети со чија помош ќе имате добар изглед, а истовремено ќе можете да консумирате сѐ, но и да уживате во храната која инаку ја подготвувате за оброци.

1-dokolku-ste-gurman-za-vas-otkrivame-nekolku-soveti-od-italijanskata-kujna-www.kafepauza.mk_

1. Преливи за тестенини

Тестенините се една од главните состојки на секој оброк и Италијанците никогаш не престануваат да ги консумираат. Тестенините не се лоши кога ќе се подготват со преливи кои се здрави, што ретко се случува кај нас. Подгответе лесни и нискокалорични преливи кои ќе го подобрат вкусот на тестенините, но и кои нема да предизвикаат собирање масни наслаги.

2. Вашата баба е вашиот главен „информатор“

Нашите баби имаат толку богато кулинарско знаење, што лесно би можеле да станат најдобрите готвачи во светот. Прашајте ја вашата баба како се подготвува нешто и како да ги изберете најдобрите производи. На овој начин ќе научите многу традиционални начини за готвење кои се многу повкусни и поздрави од модерните. Единственото нешто што треба да го избегнувате е силната запршка и големото количество масло со кои нашите баби сакале да ја зачинат храната која ја подготвувале.

3. Големината на порциите е важна

Иако не ја сокриваат љубовта кон тестенините, кашкавалот и другите вкусни, но „нездрави“ намирници, морате да признаете дека Италијанците изгледаат многу добро, а сето тоа е заради контролирањето на големината порциите. Една порција тестенини изнесува помеѓу 75 и 80 грама, додека многу дами од другите земји подготвуваат оброци до дури 180 грама.

4. Не постојат ужини

Ужините и ситните грицки кои сите ние ги консумираме во текот на денот, најмногу се заслужни за вишокот килограми и масните наслаги. Италијанците сакаат да одвојуваат доволно време за еден оброк, така што за нив ужините не постојат.

3-dokolku-ste-gurman-za-vas-otkrivame-nekolku-soveti-od-italijanskata-kujna-www.kafepauza.mk_

5. Едноставноста на оброците

Многумина би се сложиле дека за едноставноста е потребна вештина. Креирајте оброци кои се богати со хранливи вредности, но истовремено се и едноставни по бројот на намирници. Изберете неколку главни производи и подгответе вкусен оброк за помалку од еден час.

6. Леб

Како што ги сакаат тестенините, така го сакаат и лебот. Не се плашат да го јадат со секој оброк, а тајната се крие во балансот. Наместо да изедат половина леб во еден ден, тие консумираат од едно до две тенки парчиња леб на еден оброк. На овој начин нема да предизвикате насобирање на килограмите, а повторно ќе го консумирате еден од омилените пекарски производи.

Бидејќи главната тема за денес е храната и Италија, ви предлагаме уште еден корисен водич за тоа како да јадете италијанска храна како вистински Италијанец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар