Специјалитет на денот: Пита во форма на полнети палачинки
Погледнете го овој рецепт како да направите пита во форма на полнети солени палачинки.
Потребни состојки:
- 300 милилитри млеко
- малку сол
- 2 јајца
- 250 грама брашно
- 2 лажици масло
За фил:
- 200 грама сирење
- 1 јајце
- 50 грама маслинки
За прелив:
- 200 милилитри павлака
- 1 јајце
- 200 милилитри јогурт
- малку кашкавал (по желба)
Начин на подготовка:
1. Направете тесто и направете палачинки. Измешајте го сирењето со едно јајце и со сечканите маслинки.
2. Наредете 3 палачинки една над друга и ставете 3-4 лажици од смесата со сирењето. Завиткајте ги палачинките и наредете ги во круг во тава за печење. Продолжете во круг и со следните палачинки.
3. Изматете ги павлаката, јајцето и јогуртот и прелијте ги палачинките. Одозгора можете да ставите и малку кашкавал.
4. Печете на температура од 200 °C околу 40 минути.
Погледнете како да направите царски компир како комплетен ручек или како гарнир за риба или месо.