Спасете се од дамките: 3 природни средства за чист и миризлив тепих

Спасете се од дамките: 3 природни средства за чист и миризлив тепих

Добро и важно е да се направи темелно чистење на тепихот додека температурите сѐ уште се на наша страна бидејќи тој мора добро да се исуши т.е. да не впие влага. Иако перењето теписи на ниедна жена не ѝ е омилено, сепак тоа мора да се направи, а овие 3 евтини и природни совети ќе ви помогнат тоа да помине што е можно побезболно и есента да ја дочекате со чист и миризлив тепих. Постојат три најголеми проблеми со теписите:

  1. Заглавени нечистотии во нишките на тепихот
  2. Дамки
  3. Непријатен мирис

Овие 3 средства ќе им стават крај на вашите проблеми.

0-spasete-se-od-damkite-3-prirodni-sredstva-za-chist-i-mirizliv-tepih-kafepauza.mk

1. Средство за длабинско чистење

Потребни состојки:
  • ½ филџан сода бикарбона
  • 10 капки етерично масло од кедар
  • 10 капки етерично масло од лимета

Вметнете ги сите состојки во пластична вреќа и оставете ги да стојат еден ден. Пред користење на припремената смеса, исмукајте уште еднаш, посипете ја смесата по целата површина, шприцнете чиста вода и со четка добро истријте го тепихот. Смесата оставете ја да стои најмалку половина час, а потоа повторно исмукајте.

2. Средство за отстранување дамки

Потребни состојки:
  • 1 лажичка алкохолен оцет
  • 3 лажички обична вода

Направете раствор од алкохолен оцет и обична вода. Потопете крпа во растворот и со неа избришете ја дамката. Потоа, ставете ја крпата преку дамката и поминете низ неа со загреана пегла. Оцетот и водата ќе ја впијат дамката. Повторувајте го процесот сѐ додека не исчезне дамката.

3. Средство за отстранување на непријатен мирис

Потребни состојки:
  • 2 лажици течен сапун
  • 40 мл бел оцет
  • ½ литар топла вода
  • 1 лажичка боракс
  • 6 капки етерично масло од лимон
  • 3 капки етерично масло од чајно дрво

Во стаклен сад ставете ги сите состојки и добро измешајте, на крајот ставете ги во шише со шприц и додадете вода. Добро протресете и испрскајте по целата површина на тепихот, оставете околу 20 минути и потоа исмукајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар