Спакувајте се како модна блогерка за овој летен одмор
Ако сте како поголемиот дел од луѓето, тогаш сигурно сакате да патувате, да посетите разни дестинации и да испланирате совршен одмор во текот на летните месеци, односно да заминете на летен одмор. Но, она што не го сакате е пакувањето, кое знае да исцрпи, бидејќи бара многу подготовки, организации и размислување. Изгледа дека девојките кои секојдневно ги следите на социјалните мрежи го прават тоа доста брзо и лесно, па можеби и вие сакате да се спакувате како нив. Затоа, решивме да ви помогнеме околу тоа и да ви откриеме кои парчиња секогаш се наоѓаат во нивните куфери и скоро ништо друго нема да ви биде потребно.
1. Сандали
Нема потреба да ви кажеме дека треба да понесете костим за капење, влечки за плажа, како и барем еден фустан кој е лесен, но уште нешто што ви е потребно од обувки се сандалите со каиши и дебела штикла кои совршено ќе ги комбинирате со сите модни комбинации, а притоа ќе ви бидат удобни и ќе ви дадат одличен изглед.
2. Макси фустан
И тоа не кој било, туку оној со цветен дезен, кој ќе можете да го носите во текот на денот, додека шетате по плажата, одите на кафе или прошетка, а потоа ќе можете истиот да го искористите за вечерно излегување, бидејќи заедно со високите потпетици изгледа доста атрактивно и многу добро.
3. Очила за сонце
За нив мора да ви нагласиме, бидејќи освен тоа што се потребни, бидејќи ве заштитуваат од сонцето, сепак се еден задолжителен моден детаљ кој ќе го носите во текот на летото.
4. Јакна со реси
Таа ќе ви биде потребна за излегувања. Јакната со реси е одличен трик со кој се служат модните блогерки, бидејќи сосема едноставната и сведената модна комбинација можат за момент да ја претворат во модерна и тренди, па ја користат како одлично луксузно парче облека.
5. Блузи на едно рамо
Ако сте ги следеле трендовите од мината година, тогаш блузата која го открива едното рамо сигурно била вашиот прв избор. Доколку ја немате, време е да си набавите една, бидејќи можете да ја искористите во повеќе ситуации одошто мислите. Особено онаа со карнери кои модните блогерки ја обожаваат.
Продолжете на следната страница за да ги „спакувате“ и последните потребни работи за вашиот стилски годишен одмор.