Создадете романтични моменти со вашиот партнер

Создадете романтични моменти со вашиот партнер

Создавањето магични моменти во врската е нешто за кое секој партнер размислува, но ретко кој нешто презема околу тоа. Можеби причина плус за ваквиот развој на настаните, претставува проблемот со осмислување на интересен гест за покажување љубов. Еве една мала листа на предлози со работи кои може да ги направите за да внесете повеќе романтика во вашата врска.

Создадете романтични моменти со вашиот партнер

1. Наутро на својот партнер донесете му убаво кафе, додека сè уште спие. Доколку сте во можност, можете да му приготвите и појадок во кревет, а тој/таа ќе биде пријатно изненаден/а. Вие ќе му го направите почетокот од денот фантастичен и исполнет со љубов и грижа.

2. Испланирајте романтично бегство за викенд. Дури тоа да е и во близина на градот во кој живеете, интимноста и блискоста ќе ја разгорат страста помеѓу вас.

3. Гледајте секогаш да имате време да разговарате со партнерот кога сте му потребни. Понекогаш заборавете на сè што сте правеле до тој момент и посветете му се максимално. Ништо не може да спои две души како пријатен разговор.

4. Потсетувајте го вашиот партнер дека изгледа прекрасно, секси или дадете му некој друг комплимент. Нема ништо подобро од убавите зборови упатени кон вашиот љубен партнер, со кој го величите неговиот/нејзиниот изглед.

5. Следниот пат кога ќе појдете на пазарење или шопинг, купете неколку ситни подарочиња. Овие подароци тотално ќе го/ја израдуваат во дадени моменти кога ќе се чувствува тажно или доколку е под некаков стрес.

6. Доколку вашиот партнер има лош ден, однесете го на вечера. На овој начин ќе му ги оттргнете мислите од проблемите, а вкусното јадење секогаш расположува. Па така, во добар муабет и некое фино вино, вечерта ќе добие сосема нов романтичен тек.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар