Совршенство од јагоди: Кремаст напиток што ги воодушеви жените на социјалните мрежи

Совршенство од јагоди: Кремаст напиток што ги воодушеви жените на социјалните мрежи

Ви предлагаме уште еден вкусен кремаст напиток, покрај далгона кафето кое е апсолутен хит. Сите оние кои не пијат кафе или го намалиле неговиот внес, можат да ја подготват оваа бескофеинска напивка според истиот принцип.

Совршенство од јагоди: Кремаст напиток што ги воодушеви жените не на социјалните мрежи

Блогерката за храна, Валентина Муци на својот профил на Инстаграм под именувањето Sweet Portfolio објави видео-упатство за напивка со матено млеко и јагоди, која со својот вкус плени многумина за многу кратко време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valentina Mussi✨ Food + Travel (@sweetportfolio) on

Матеното млеко со јагоди има кремаста текстура, сладок вкус и неодолива розова боја. Згора на тоа, многу е лесно да се подготви ако имате миксер и овие неколку состојки дома.

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 1 лажица гранули од инстант напиток од јагода (или какао, за чоколадна варијанта)
  • 4 лажици слатка павлака
  • 400 мл млеко
  • неколку коцки мраз

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад измешајте ги слатката павлака и гранулите од инстант напиток со вкус на јагода. Изматете ги состојките го со миксер додека не се претворат во крем.
  2. Поделете го млекото во две чаши и додајте по неколку коцки мраз.
  3. Користејќи лажица, нанесете ја смесата од јагоди на врвот од млекото. Измешајте го кремот од јагоди со млеко пред да го пробате овој вкусен напиток. На здравје!

А сега, кога го дознавте рецептот за оваа „бескофеинска розова далгона“ потсетете се и зошто светот полуде по ова кремасто кафе кое по овој рецепт може да си го подготвите и дома.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар