Совршено смуди: Кое овошје треба да го употребувате, а кое да го избегнувате?

Совршено смуди: Кое овошје треба да го употребувате, а кое да го избегнувате?

Идеалниот начин да го започнете денот е да направите едно овошно смуди кое ќе ги содржи сите потребни хранливи материи кои ќе го задржат вашето енергетско ниво во рамнотежа. Откријте кое овошје е најдобро за подготовката на најразличните рецепти на овој пијалак и кои ја потпомагаат физичката активност и вежбањето, а кое овошје треба да го избегнувате за да постигнете подобри резултати.

Совршеното смуди: Кое овошје треба да го употребувате, а кое да го избегнувате?

Одличен избор за смуди

Јагоди

Не мора да значи дека сѐ што има сладок вкус има и лош ефект врз нашата линија. Таков пример се јагодите. Тие не само што содржат 5 грама шеќер во порција од 100 грама јагоди, туку се и богат извор на полифенол со чија помош се регулира нивото на шеќерот во крвта, а се намалува можноста за насобирање на масните наслаги.

Боровинки

Боровинките се едни од најздравите овошки кои содржат птеростиблен, органско соединение која помага во разградувањето на мастите и јаглехидратите во организмот. Во една порција од 100 грама боровинки има само 7,3 грама шеќер.

Добар избор за смуди

Малини

Исто како и боровинките, така и малините носат голем број придобивки бидејќи содржат високо ниво калциум кој го забрзува метаболизмот и помага при согорувањето на мастите. Во 100 грама малини има 9,5 грама шеќери.

Киви

Иако се богати со влакна и витамин Ц кој го зајакнува имунитетот, кивите треба да се консумираат во умерени дози поради тоа што содржат дури 10,5 грама шеќер во една порција од 100 грама киви.

Лош избор за смуди

Грозје

Вкусот на ова овошје се поврзува со големи количини шеќер, но позитивната страна е што грозјето содржи големи количини и од витаминот К, кој ги зајакнува коските.

Манго

Ова сочно овошје е богат извор на витамините А и Ц, но содржи и најголема количина шеќер во споредба со другите овошки. Неговото користење, се разбира, е дозволено и препорачано, но во ограничени дози.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар