Совршениот момент

Совршениот момент

Сигурно сте ја чуле изреката „Животот е она што се случува додека сме зафатени со планирање.“ Да, сме ја чуле сите, и таа и многу други слични на неа, ама ретко ги почитуваме и ретко се сеќаваме на нив тогаш кога треба.

Имаме планови, цели, намери да створиме нешто, да направиме нешто поинакво, нешто големо, нешто различно. Можеби не е во ред да немаш никакви цели и да не си ориентиран кон нешто, но многу често забораваме да го оствариме она што сме го испланирале.Совршениот моментСекогаш треба да имате цели, една од моите филозофии за животот е дека ако немаш цели не ни знаеш каде одиш, сигурно сум ви го споменала ова и претходно. Но ако имаш соништа, единствениот начин за да ги оствариш е најпрво да се разбудиш.

Во ред е да сонуваме и планираме, да замислуваме и да се надеваме на успех, но не е во ред тоа да остане само една замисла. Постојано го чекаме совршениот момент за остварување на нашите планови и цели, за спроведување во пракса на нашите идеали, но треба да сфатиме дека совршениот момент е СЕГА!

Сè на овој свет е создадено со намера, секоја болест има билка која ќе ја излечи, а секој човек има мисија која треба да ја реализира!“ Која е вашата мисија? Што е она што треба да го направите?

Запомнете, животот е исполнет со толку многу совршени моменти, некои траат само секунда, а се паметат цел живот. Среќни се луѓето кои знаат да ги забележат совршените моменти, кои не ги чекаат туку ги создаваат!

Ве поздравувам драги мои, и се надевам дека за многумина од вас токму овој ден е денот кога ќе остварат некој свој план. Ова е моментот, совршениот момент, не поминувајте го животот во чекање, поентата е да се живее, а не да се преживува.

До следното читање, ви посакувам совршени моменти со вашето неделно кафе и вашите најблиски,

Вашата Ели.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар