Совршени зимски комбинации на облека

Совршени зимски комбинации на облека

Веќе сè мириса на зима, но не значи дека во зима нема добри забави. Ве фаќа депресија при самата помисла на шарените летни комбинации? Еве некои предлози кои совршено одговараат за различни видови забави во зимскиот период.

Кожни хеланки и широк џемпер

Кожни хеланки, широк џемпер и високи потпетици – станува збор за лесен и кежуал изглед. Аксесоари од типот впечатливи обетки и чанти со различни принтови, ја прават целата комбинација потренди. Не претерувајте со додатоците, одберете ограничен број (на пример, обетките се целиот накит кој ви е потребен со оваа комбинација), со цел да не го „пренатрупате“ вашиот изглед.

Совршени зимски комбинации на облека

Зимски амбиент

Најлесен начин да се стоплите, а воедно и да се вклопите во амбиентот со ладното време е дополнување на изгледот со јакна, елек или марама. Од една страна, станува збор за толку едноставна комбинација, а од друга страна е толку женствена. Тесни фармерки, еднобојна кошула, елек со крзно, и секако високи потпетици. Изгледот „зачинете“ го со само едно парче впечатлив накит.

Совршени зимски комбинации на облека

Контраст помеѓу кежуал и женствено

Започнете го изгледот со женствено здолниште и интересна, едноставна маичка. Со палтото ќе постигнете благ контраст помеѓу спотрското и женственото. Завршете го изгледот со потпетици до глуждовите и обетки. Никогаш не сте помислиле на оваа комбинација? Пробајте ја макар еднаш и видете како би ви стоела.

Совршени зимски комбинации на облека

Додадете топли аксесоари

Во зима е лесно да претерате со додавање, па затоа држете се до едноставна основа, на пример фармерки и еднобојна блуза, и додадете интересни зимски аксесоари. Шарената марама или шал, можат да послужат како додатоци. Носете високи чизми со високи потпетици, а бидејќи лесно би можеле визуелно да си додадете некое кило, потрудете се фармерките да ви бидат тесни, а блузата да го оцртува вашиот струк. Не претерувајте со аксесоарите.

Совршени зимски комбинации на облека

Фустан + хулахопки + кожна јакна

Кој рече дека вашиот омилен фустан не би можеле да го комбинирате во зима? Одберете хулахопки и кожна јакна, плус високи чизми до глуждовите или ниски чизмички. Финиширајте го изгледот со долго и женствено ланче. На овој начин ги балансирате работите, јакната и обувките со фустанот и ланчето.

Совршени зимски комбинации на облека

Жешка комбинација во зима

Еве комбинација за малку посвечена пригода. Само затоа што е зима не значи дека треба да се откажете од кратките пантолони. Комбинирајте ги со подебели хулахопки. Одберете црно и едноставно палто кое наликува на оние од костумите и едноставна маичка. Вниманието привлечете го со впечатливи потпетици и црвени усни.

Совршени зимски комбинации на облека

Кежуал

Овој изглед можеби не е прикладен за во ноќен клуб, но е совршен за дружење со колеги или неформална забава дома. Изгледате удобно, топло и опуштено, а не сте пренатрупани со облека. Сомотски панталони и едноставно слатко џемперче ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот ефект.

Совршени зимски комбинации на облека

Фустан со долги ракави и високи чизми

Одлична зимска комбинација за забава! Комбинацијата е толку шик, женствена и едноставна. Ваквите модели на фустани се совршени за во зима, а можеби би било најдобро да одберете еднобоен во нијанса која полесно би ја комбинирале со вашите обувки или модни додатоци.

Совршени зимски комбинации на облека


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Unikat Reply

    Fala sto mislite i na nas mazite :))

Остави коментар