Совршени смуди рецепти за хранлив појадок

Совршени смуди рецепти за хранлив појадок

Доколку забележувате дека овие денови јадете помалку од вообичаено, немојте да се грижите бидејќи со доаѓањето на летната сезона со овој проблем почнуваат да се соочуваат сè повеќе луѓе. Иако ова има неколку предности, сепак со себе носи и неколку недостатоци како тоа дека со намалувањето на внесувањето на храна се намалува и внесувањето на витамини. За да не дојде до тој проблем, ние одлучивме да споделиме со вас неколку супер лесни смуди рецепти кои со сигурност ќе ви пружат здрав и хранлив појадок.

1-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

Смуди со нане и брусница

Изблендирајте две банани, една чаша замрзнати брусници, 4 ливчиња нане, ¼ авокадо и чаша бадемово млеко. Откако ќе завршите, оваа смеса сипете ја во чаша или во чинија. Вашиот оброк украсете го со брусници, листови нане, семки од тиква и какао.

2-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

Смуди со манго, банана и лимон

Изблендирајте една чаша сечкано манго, една банана, шолја бадемово млеко и една лажичка сок од лимон. Додадете листови нане и малку ленeно семе.

3-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

„Сирена“ смуди

Изблендирајте една замрзната банана, едно јаболко, половина круша, едно киви и три лажици јогурт. Украсете со свежо овошје.

4-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

Кремасто зелено смуди

Излупете и исечкајте две зелени јаболка и оставете ги неколку часа во фрижидер. После тоа, изблендирајте ги јаболката заедно со една голема банана, половина авокадо и 100 мл органски јогурт.

5-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

„Бјути“ смуди со боровинки

Изблендирајте две банани, половина шолја замрзнати боровинки, една лажица чиа семе, две лажици кокосово брашно, сок од половина лимон и една чаша овесно млеко. Декорирајте со боровинки и вашиот здрав појадок е спремен.

6-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_

Смуди со банана и бадеми

Изблендирајте една шолја сечкано манго, јагоди, една замрзната банана, незасладено бадемово млеко со малку ванила, малку кокосов сок и две лажици семе од коноп. Украсете со парчиња киви, малини, боровинки и манго.

7-sovrsheni-smudi-recepti-za-hranliv-pojadok-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар