Совршени новогодишни колачиња
Неодоливи колачиња кои се неизбежен дел од новогодишната забава…Потребни состојки:
- Готови колачиња
- Шеќерни конуси за сладолед
- Бело чоколадо
- Бели и розови шеќерни кристали
- Бонбони-бастуни
- Шлаг пена во розова боја
- Фондан
- Трошки во форма на снегулки и конфети
Начин на подготовка: Исечете ги краевите од шеќерните конуси, за „дрвјата“ да бидат околу 7,5 сантиметри долги. Сторете го тоа многу внимателно за да не го оштетите конусот. Потоа секој од овие конуси потопете го во растопеното бело чоколадо. Пред да се исушат испрскајте ги со бели шеќерни кристали по целата нивна површина. Откако ќе завршите оставете ги да се исушат.
Скршете ги свитканите краеви од бонбоните-бастуни кои треба да бидат со должина од околу 15 сантиметри, така што ќе остане само нивниот прав дел. Прекријте ги веќе подготвените колачиња со розова шлаг пена. Наполнете мал сад со розовите шеќерни кристали и притиснете ги врвовите на колачињата врз нив за нивната површина целосно да се прекрие со кристали.
Потоа едниот дел од бонбоните-бастуни натопете го во стопеното чоколадо, а другиот дел забодете го директно во колачето. Веднаш потоа наместете го и шеќерниот конус врз горниот крај на бонбоните-бастуни и оставете ја чоколадната смеса да делува како лепак (не заборавајте да користите поцврсти колачиња за да можат дрвјата цврсто да стојат во нив).
Доколку сакате да имате и декорации, подобро е да го завршите тоа пред да го сместите дрвото во колачето. Сè што е потребно да направите е да капнете по една капка од растопеното чоколадо на местото каде што сакате да ги закачите трошките во боја. Што се однесува до подароците, употребете фондан за да направите мали „кутии“ кои ќе ги сместите под дрвјата. Употребете ја својата фантазија и направете мали машнички и други декоративни додатоци за нив.
Среќна Нова година!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.