Совршени божиќни подароци за вашата мајка

Совршени божиќни подароци за вашата мајка

Празниците се период на среќа и дарување, особено кога станува збор за саканите личности. Колку години и да имате, за вашата мајка секогаш ќе бидете дете. А што ѝ да и подарите, таа ќе биде радосна и тоа не заради подарокот, туку заради вниманието и љубовта кои ги претставува вашиот гест. Погледнете 10 одлични идеи за божиќен подарок за вашата мајка.

sovrsheni-bozhikjni-podaroci-za-vashata-majka-kafepauza.mk

1. Книга со рецепти

Ако вашата мајка е во пензија и сака да готви, совршениот подарок за неа е книга со рецепти. Вие најдобро ја познавате вашата мајка, па ќе знаете дали треба да одберете подарок со традиционални или модерни рецепти. Со овој подарок нема да погрешите.

2. Празнични пижами

Нема жена која не сака удобни памучни пижами. А уште ако се украсени со празнични мотиви, подарокот ќе биде полн погодок. Освен за вашата мајка, овој подарок е совршен и за пријателка, сестра, или за вашите деца.

3. Сладок пакет

Колку и да сакаме да се храниме здраво, празниците се период на слатки задоволства. Наместо да ѝ купите бонбониера, подарете ѝ ги омилените колачиња, без разлика дали ќе ги направите сами или ќе ги купите. Најдобро е да направите мешан сладок пакет во кој ќе ставите неколку слатки работи кои вашата мајка ги сака.

4. Топли влечки

Божиќ е вистинскиот момент за на вашата мајка да ѝ купите нови топли влечки. Искористете го овој период бидејќи сега ќе ги најдете најдобрите понуди. Дајте ѝ подарок кој ќе ја стопли во зимските денови.

5. Албуми или рамки за фотографии

Ова е подарок кој никогаш не излегува од мода. Но не заборавајте да извадите и неколку фотографии. Нека бидат тоа фотографии од семејството, некои убави спомени, од внуците…

6. Ќебе

Има ли нешто подобро за студените денови од топло дебело ќебе? Вашата мајка сигурно ќе ужива во својата дремка кога ќе се покрие со нејзиното ново ќебе. А секој пат кога ќе го користи ќе се потсетува на вас.

7. Книга

Никогаш не е доста од добри книги. Обидете се да се сетите дали ви спомнала некој наслов, или пак одберете книга според нејзиниот вкус. Можете да напишете и кратка посвета на првата страница и нејзиното срце сигурно ќе се стопи.

8. Шолја со фотографија од семејството

Кафето е нешто во кое ужива поголемиот дел од населението. Ако на вашата мајка денот ѝ почнува со шолја кафе, зошто да не ѝ почне со фотографија од луѓето кои ги сака најмногу?

9. Собно цвеќе

Ако вашата мајка е љубител на растенијата, обидете се да најдете некое необично собно цвеќе. Изборот е голем, па одберете нешто егзотично кое го немала до сега.

10. Ако не сте ја препознале мајка ви во ниту еден од подароците…

Немојте да очајувате! Најдобриот подарок за секоја мајка сте вие, односно времето кое ќе го одвоите за неа. Ако не живеете заедно морате да ја посетите на Божиќ. Изгледајте некој филм, разговарајте, смејте се, присетувајте се на убавите спомени, згответе некое вкусно јадење…

Животот поминува многу побрзо отколку што мислиме, па искористете го секој момент кој можете за да го поминете со вашата мајка. Подарете ѝ прегратка, бакнеж, подарок, макар и скромен и уживајте, бидејќи вие ќе го добиете најдобриот подарок за возврат – насмевката на нејзиното лице.

Дознајте и што сакаат мажите да добијат за подарок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар