Совршена торта со јагоди: Време е за освежувачки вкус
Доаѓаат потопли денови, но и јагоди. Обидете се да ја направите оваа торта што не се пече и што ќе биде готова за помалку од половина час.
Потребни состојки:
- 400 грама бисквити од путер по ваш избор
- 1/2 литар павлака
- 3 пудинзи од ванила
- 1 литар млеко
- 2 ќесички шлаг
- 300 грама замрзнати или свежи јагоди
Начин на подготовка:
Изматете ја павлаката во еден сад, а шлагот во друг. Згответе ги трите пудинзи во 1 литар млеко со 9 лажици шеќер. Ставете ги јагодите во тенџере со 5 лажици шеќер и гответе на тивок оган.
Во плех наредете ги бисквитите што претходно ќе ги натопите во малку млеко, а на нив ставете го сирупот од јагоди. Ставете го плехот половина час во фрижидер за да се стегне смесата. По половина час, ставете уште еден ред бисквити, а одозгора ставете од пудингот што претходно ќе го измешате со павлаката.
Потоа ставете уште еден ред бисквити, а одозгора пудинг и најгоре ставете го шлагот. Украсете ја тортата со неколку свежи јагоди.
Погледнете го овој рецепт како да направите крокети од бананa.