Совршена шминка за новогодишната ноќ: Блеснете во полн сјај за само 10 минути!
Ако првите секунди од 2017 година се некаков показател за тоа каков ќе ви биде остатокот од годината, тогаш би требало да се потрудите да изгледате фантастично кога часовникот ќе отчука 00.00 часот. Започнете го новиот месец на храбар и блескав начин и бидете уште поуспешни и помодерни во новата година. Тоа ќе можете да го направите ако ги нашминкате очите на следниов начин:
Прв чекор: Нанесете гел сенка со светки на очните капаци.
Втор чекор: Слободно заблескајте колку што сакате. Со помош на четка нанесете светки во некоја светла боја, како што е сината на пример.
Трет чекор: Употребете уште една нијанса на светки, како што е метално зелената на пример и нанесете ја на надворешните краеви од очите. Повлечете линија под окото со тоа што вашиот поглед ќе стане уште попривлечен.
Четврти чекор: Дефинирајте ги линиите околу очите со помош на креон.
Петти чекор: Ставете малку руменило на образите и безбоен сјај на усните.
За само 10 минути ќе бидете подготвени да започнете со новогодишното прославување! Бидете храбри, самоуверени и позитивни. Блеснете во полн сјај!
Погледнете го и видеото кое ќе ви покаже како точно треба да се нашминкате…