Совршен живот можеби не постои, но овие знаци покажуваат дека ви оди подобро отколку што мислите

Совршен живот можеби не постои, но овие знаци покажуваат дека ви оди подобро отколку што мислите

Честопати нашето внимание е насочено кон случувањата и околностите во кои не сме се покажале во најдобро светло или пак кон желбите кои нè насочуваат кон нешто што ни се чини недостижно, па затоа имаме тенденција да го занемаруваме сето она што е феноменално околу нас. Од друга страна пак, научени сме да бидеме скромни и ретко кога го гледаме сопствениот успех во целост, но понекогаш е добро да се потсетиме на нашите јаки вредности.

1-sovrsheniot-zhivot-mozhebi-ne-postoi-no-ovie-znaci-pokazhuvaat-deka-toj-vi-odi-podobro-otkolku-shto-mislite-www.kafepauza.mk_

1. Добро знаете што не сакате

Поминуваме многу време размислувајќи за она што го сакаме. Го бараме вистинскиот партнер, кариера која ќе не исполнува, ги набљудуваме луѓето околу нас и гледаме што тие постигнале пред нас… Сепак, за целото тоа време ние имаме јасна претстава што ние не сакаме во нашиот живот. Не треба да го водиме нашиот живот врз основа на другите луѓе, не треба да го остваруваме сето она што ќе ни падне на памет и што мислиме дека ни е потребно. За среќа е потребно многу малку, а тоа малку најчесто се крие во она што веќе го знаеме или пак ни е лесно да го дознаеме – сè она што не сакаме да нè опкружува. Свртете ја перспективата и таму ве очекува вистинско изненадување.

2. Ја прифаќате одговорноста за својот живот

Секој од нас имал некој тежок момент во својот живот. Без разлика дали станува збор за губење на саканата личност, финансиски потешкотии, скршено срце или проблеми со семејството и пријателите, нема личност која никогаш не почувствувала некоја празнина. Можеби не е можно тие ужасни искуства да се избришат, но има избор да се продолжи понатаму. Ако сте прифатиле дека иднината е во вашите раце, со самото тоа сте ја прифатиле и одговорноста за вашиот живот, како и тоа што ќе биде со него. Можеби не можете да го промените минатото, но знаете дека може да влијаете на вашата иднина.

3. Ја знаете вистинската вредност на пријателството

Во некој момент од животот сигурно покрај вас сте имале негативни луѓе, луѓе кои во вас буделе некои негативни страни кои не сте знаеле дека воопшто ги имате, но веќе сте се оттргнале од нив. Сте сфатиле и потполно се сложувате дека не е важен квантитетот на луѓе кои ве опкружуваат, туку квалитетот на тие односи. Знаете дека вашето време треба да го посветувате на луѓето кои ќе го ценат тоа и кои ќе ви возвратат со иста мера и со позитивна енергија. Започнавте да одбивате да бидете во близина на личности кои не се способни да ги споделуваат вашите емоции, да бидат искрено среќни за вас и сега знаете дека заслужувате многу повеќе.

2-sovrsheniot-zhivot-mozhebi-ne-postoi-no-ovie-znaci-pokazhuvaat-deka-toj-vi-odi-podobro-otkolku-shto-mislite-www.kafepauza.mk_

4. Свесни сте дека материјалните работи немаат голема важност

Многу е лесно некои работи да ве привлечат и да помислите дека ако ги добиете на вашата среќа нема да ѝ има крај, но колку и да е силна, таа не трае долго. За вистинска среќа воопшто не ви се потребни најновите производи, скапата гардероба или техничките уреди. Ако веќе го знаете тоа, вие давате поголемо значење на односите со луѓето кои ви значат и знаете дека рачно направената честитка од пријателите е многу повредна од скапиот подарок од некој бутик.

5. Не дозволувате да ве изнервираат мали нешта

Сите ние одвреме-навреме се нервираме. Без разлика што е во прашање, дали проблемот е мал или голем, нашите емоции се секогаш валидни. Меѓутоа, треба да се потсетиме дека животот не е толку долг. Ако не дозволувате малите нешта толку многу да допрат до вас, вие си давате повеќе време и оставате повеќе енергија за убавите моменти кои ги носи животот. Побргу оздравувате од стресот и полесно ја пронаоѓате зрелоста за да продолжите понатаму. Па, вие свесно донесувате одлуки и ја избирате среќата, наместо нервозата и бесот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар