Претходно
Совршен викенд десерт: „Пијан“ пудинг од чоколадо
Викендот е првенствено наменет за уживање, па затоа не сакаме да се заморуваме со комплицирани рецепти. Едноставните и вкусни варијанти се нешто за што особено се радуваме!
Денес ви предлагаме да ги соберете вашите најмили и да ги почестите со многу едноставен и вкусен „пијан“ пудинг од чоколадо. Иако при подготовка на пудинг всушност сме навикнати на готови мешавини што може да се купат во продавниците, правењето домашен пудинг не одзема многу време и освојува со вкусот.
Потребни состојки:
- 200 г чоколадо за готвење
- 550-600 милилитри млеко
- 30 г густин
- 20 г шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- малку сол
- малку цимет
- 1 лажица овошен ликер по желба
Начин на подготовка:
- Како прв чекор, потребно е да се растопи чоколадото во приближно 500 милилитри млеко, а во останатото млеко и да се растопат густинот, ванилиниот шеќер, обичниот шеќер и солта.
- Кога ќе се стопи чоколадото, додајте ја смесата со густин во таа со чоколадото и добро измешајте да не се формираат грутки.
- Варете додека пудингот не се згусне и пред да биде готов, додајте цимет и ликер по желба и вкус. Кога пудингот ќе биде готов, истурете го во соодветни чинии или чаши и оставете го неколку часа во фрижидер.
- Ако сакате, пудингот можете да го декорирате со шлаг, коцки чоколадо, овошје или по избор.
Можеби ќе сакате да ги пробате и овие мафини со вкус на ванила и карамела.