Совршен летен пијалак: Коктел од лубеница

Совршен летен пијалак: Коктел од лубеница

Кога надвор е премногу топло, а вам ви е потребен брз и ладен пијалак, тогаш овој суперлесен коктел е вистинскиот погодок за вас. Потребни ви се само две минути за да го направите и инстантно да се освежите.

glass of watermelon smoothie

Потребни состојки:
  • Добро изладено просеко
  • Лубеница
  • Свежо нане
Начин на подготовка:

Исечкајте ја лубеницата на ситни коцки. Еден дел оставете го во коцки, додека другиот дел ставете го во блендер, за да добиете сок.

Во секоја чаша ставете неколку коцки лубеница, потоа додајте го сокот, а на крај дополнете со добро изладено просеко. Украсете со листови нане. Готово!

Забелешка:

Доколку не пиете алкохол, наместо просеко може да користите ладна кисела вода или пак лимонада.

На здравје!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар