Совети за шик и професионален изглед

Совети за шик и професионален изглед

Сите барем еднаш сме имале колега или колешка кои биле целосно несоодветно облечени за на работното место. Без разлика дали станува збор за фармерки, патики, кусо здолниште или отворени чевли, несоодветната облека на работа дава целосно погрешна слика за вас.

1-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk_

1. Гледајте од колегите/шефот

Не морате да се облекувате исто како нив, но црпете инспирација. Забележете како се облекуваат најуспешните луѓе во вашата канцеларија и пробајте да замислите какви комбинации можат да се вклопат во прототипот на институцијата во која работите. Ако пак таква комбинација не можете да замислите, големи се шансите да треба да одите на шопинг. Но не се оптоварувајте се со тоа. Сетете се на она што го видовте во канцеларија, размислете што имате во плакарот и земете 2-3 списанија или ѕирнете во светот на модните блогери.

2-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk_

2. Хулахопки

Колку и да звучи старомодно, хулахопките сѐ уште мора да се носат во некои работни околини. Оние кои работат во покреативни околини (контакт центри, списанија или галерии) и не мораат толку да се придржуваат кон ова правило, особено во летните месеци.

3-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk

3. Фармерки

Ако вашата работа ги опфаќа финансиите, правото или кој било друг формален тип на средина, целосно заборавете на фармерките. Помалку традиционалните средини вообичаено имаат кежуал ден или можат да се облекуваат така повеќето денови.

Многу е важен и изборот на фармерки. Белите фармерки се секогаш дозволени, а оние со исечоци, во силни бои се дефинитивно забранети. Целете кон чисти кроеви и темни, едноставни бои. Избегнувајте тесни (цигара) фармерки или со низок струк. Никој не сака да види што носите под нив.

4-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk

4. Шорцеви

Освен ако не работите со мода или во некоја релаксирана околина, тогаш шорцевите се лош избор за на работа. Дури иако се осудите да ги носите за во канцеларија, треба да внимавате на должината. Бермудите се добар избор кој може да го комбинирате со балетанки или кој било друг затворен тип чевли. Со сако и кошула изгледа андрогено и авангардно, секако ако вашата работа дозволува ваков стил.

5-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk

5. Тенки рамки

Никако. Ова е целосно забрането без разлика што ќе ги покриете со сако, јакна или џемперче. Сигурно во некој момент ќе мора да го слечете и ќе изгледате несоодветно и невкусно. Секогаш бидете подготвени да тргнете слој-два од вас, иако надвор можеби е -10.

6. Отворени обувки или сандали

На формалните работни места, салонките се прифатливи, но отворените чевли веројатно не се. Но во случај да бидат, тие мора да се конзервативни и софистицирани и да не шлапкаат кога одите. Во послободните околини, отворените обувки се во ред, но важно е да не бидат премногу секси (забрането е светки, платформи или провидни штикли). Трудете се нозете да ви бидат што попокриени.

6-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk

7. Бабите се во право

Ако не сте сигурни за нешто, дали е во ред или не, едноставно прашајте ја вашата баба или некоја постара личност. Размислувајте за секое парче одделно, а не за целокупната комбинација. Прашајте се: „Што би помислила баба ми?“ Ако баба ви би ве испратила да се преслечете дома, тогаш парчето не е во ред.

7-soveti-za-sik-i-profesionalen-izgled-kafepauza.mk_.jpg

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар