Совети за самодоверба: Како да уживате во себе и во сопственото тело?

Совети за самодоверба: Како да уживате во себе и во сопственото тело?

Социјалните мрежи и медиумите сè повеќе и повеќе ни наметнуваат идеални мејкап изгледи, совршени пропорции, па дури и беспрекорен начин на живот. Сосема е природно во некој момент да се измориме од таквите налагања и да сакаме да се однесуваме и да изгледаме онака како што нам ни одговара. Секој од нас посакува да биде среќен, да се сака себеси и да ужива во сопственото тело. Но, за да успеете во оваа цел, треба да промените неколку ситници во вашето секојдневие.

(1) soveti-za-samodoverba-kako-da-uzhivate-vo-sebe-i-sopstvenoto-telo

1. Сакајте го вашето тело

Негувајте го вашето тело, односно цените ги неговите можности, а не изгледот. Најважно е да бидете здрави и благодарни, а тоа ќе го постигнете со прифаќањето себеси и својот изглед.

2. Промените го својот став

Престанете да се споредувате со наметнатите естетски норми, бидејќи тие ве наведуваат на незадоволство и самокритичност. Потрудете се да најдете некои работи кај вас кои ги сакате и почнете да се прифаќате такви како што сте. Животот е премногу краток за да бидете незадоволни со себе.

3. Запознајте го својот ум

За да го сакате своето тело, прво треба да го засакате својот ум. Затоа верувајте во себе, трудете се позитивно да размислувате и да привлекувате позитивна енергија околу вас.

(2) soveti-za-samodoverba-kako-da-uzhivate-vo-sebe-i-sopstvenoto-telo

4. Смејте се

Секојдневното смеење ќе ве поттикне да верувате дека сè е добро. А зошто да не би било? Затоа насмевнете се!

Прочитајте ја и објавата на оваа мајка која на моќен начин опишува како социјалните медиуми ја рушат самодовербата на родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар