Совети за полесно справување со раскинувањето

Совети за полесно справување со раскинувањето

Понекогаш, раскинувањето може да биде навистина болно искуство. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да закрепнете и да продолжите понатаму.

Совети за полесно справување со раскинувањето

Преуредете го вашиот простор

Бидете искрени сами со себе. Колку пати досега сте го погледнале столот на кој вообичаено седел вашиот партнер, или неговото место на каучот, а потоа сте се расплакале. Ова укажува дека е време за промена. Можеби можете да го смените распоредот на просторот или да купите нов мебел. На тој начин ќе се ослободите од енергијата на поранешниот партнер и ќе добиете можност да креирате нов простор со нови спомени.

Променете ги навиките

Менувањето на вашата рутина е од суштинско значење за полесно пребродување на раскинувањето. Секој од нас има свои навики кои имаме тенденција да ги повторуваме секој ден. Така, голема е веројатноста дека по раскинувањето несвесно ќе продолжите со истите навики кои сте ги споделувале со партнерот, а тоа само ќе придонесе да се чувствувате лошо. Обидете се да ги промените и ќе почувствувате дека резултатите набргу ќе бидат видливи.

Работете на вашата самодоверба

Време е да почнете да размислувате и да се движите во нова насока. Сфатете го раскинувањето како нова можност за себе и за своите амбиции. Посветете се на работите кои отсекогаш сте сакале да ги правите, но за кои сте немале време досега. Тоа не само што ќе ви ја зајакне вашата самодоверба туку и ќе ви помогне да сфатите дека нема ништо што не можете да го направите сами – нема потреба да бидете во врска со некого за да успеете или да имате подобар живот.

Не губете надеж

Најверојатно во моментот не можете да се изборите со мислите од типот: „Никогаш повеќе нема да сакам“ или „Никогаш повеќе нема да бидам сакан/а“. Но, тоа не е точно бидејќи со текот на времето повторно ќе научите како да бидете среќни. Сепак, неопходно е да најдете сила и храброст за да почнете одново, а тоа не е така едноставно. Запомнете дека времето, надежта и љубовта кон себе ќе ви помогнат да закрепнете и да отворите нова страница од животот, полна со нови авантури и искуства.

Откако ги прочитавте нашите совети за како полесно да се справите со раскинувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар