Совети за оние кои работат премногу
Грижата за себе е многу важна во денешново брзо време, кога сите работат најмногу што можат. Благодарение на технологијата и смартфоните, ние сме достапни за работа и до 24 часа на ден и понекогаш чувствуваме вина доколку одвоиме малку време за себе или пак, ако не одговориме на мејл, порака или повик доволно брзо.
Сите овие нешта водат кон замореност и истоштеност кои предизвикуваат појава на фрустрации. Доколку сте свесни дека работите премногу, тогаш можеби е време да се ставите себеси на прво место. Погледнете ги наредниве 15 начини на кои можете да го сторите тоа…
1. Слушајте го вашето тело – Тоа најдобро знае кога ви е потребен одмор, физичка активност, здрава храна или сон. Сè што треба да направите е да обрнете внимание на знаците кои ви ги испраќа.
2. Спијте повеќе – Ако не спиете доволно или квалитетно, тогаш големи се шансите дека во текот на денот ќе бидете нервозни и другите луѓе ќе го забележуваат тоа и ќе почнат да ве избегнуваат. Тешко е да ја завршите својата работа доколку вашите соработници наоѓаат изговори да не ви помогнат.
3. Вежбајте – Редовната физичка активност е клучна за вашето тело да може да функционира оптимално.
4. Не заборавајте на витамините – Доволно е само да помислите на тоа дека треба да се напиете витамини и веднаш ќе се почувствувате поенергично. Редовното конзумирање витамини ќе ви помогне да развиете чувство дека вие сте одговорни за вашето здравје.
5. Поминувајте повеќе време на отворено – Доколку постојано работите во затворен простор, сигурно не добивате доволно свеж воздух и сонце. Ако ништо друго, обидете се барем да излегувате на паузата.
6. Поминувајте време сами со себе – Единствениот начин на кој навистина ќе научите што ви е потребно и што ве прави среќни е доколку наоѓате време за себе и вашите мисли.
7. Не го одложувајте времето за одмор – На секој му е потребен одмор, дури и ако станува збор за само неколку дена. Сонце, плажа, море… Зарем треба да се каже нешто повеќе?
8. Не се плашете да побарате боледување – Не се терајте со сила да одите на работа кога не се чувствувате добро. Земете неколку слободни денови и одмарајте. Дозволете му на вашето тело подобро да заздрави.
9. Читајте – Читањето е самогрижа за вашиот ум. И секако, ова не вклучува читање на работни документи.
10. Медитирајте – Ова е еден од најлесните и најбрзите начини да се релаксирате, без разлика на местото на кое се наоѓате. Доволно е само 5-минутно фокусирање на вашето дишење за да направите некаква разлика.
11. Проширувајте ја вашата свесност – Ако си дозволите да живеете во сегашноста и доколку не ги критикувате вашите мисли, ќе можете многу полесно да се справувате со секојдневниот стрес.
12. Простете си – Престанете да се нервирате за оние нешта кои се случиле во минатото, бидејќи на тој начин си одземате од енергијата која ви е потреба за сегашноста и иднината.
13. Простете им на другите – Доколку не сакате негативните чувства да ве влечат надоле, простете им на оние кои некогаш ви згрешиле и не се вртете веќе наназад, продолжете со вашиот живот.
14. Одете на маникир или педикир – Зарем има подобар начин за грижа за себе од овие две активности?
15. Топла бања – Наполнете ја кадата со топла вода, пуштете тивка музика и запалете миризливи свеќи. За само неколку минути ќе почнете да чувствувате како стресот полека, но сигурно излегува од вашето тело.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
PREUBAVI KORISNI NAPISI I PREUBAVI AVTORKI