Совети за одгледување собни растенија – Oлеандер

Совети за одгледување собни растенија – Oлеандер

Олеандерот е зелена балконска или собна билка, која со своите цветови секогаш нè потсеќа на топлите летни Медитерански денови. Ако не сте виделе Олеандер досега, на првото патување на југ ќе го забележите покрај патот. Тој може да порасне од 2 до 6 метри и има бујна крошна. Листовите се во пар или во тројки и се дебели, кожести со темнозелена боја.Совети за одгледување собни растенија - ОлеандерОлеандерот е размножуван во многу облици, бел, црвен, розов, виолетов, со полуполни или полни цветови. Всушност, цветот на Олеандерот го прави толку популарен бидејќи има прекрасен мирис и изглед. Тој највеќе успева во суптропските подрачја и е една од најчесто користените декоративни билки во парковите или покрај сообраќајниците. Добро поднесува суша, па дури и краткотраен мраз.Совети за одгледување собни растенија - ОлеандерВо Калифорнија и во другите држави во САД каде зимите се благи, Олеандерот се посадува покрај автопатите како заштита од бука бидејќи елените не го јадат поради отровноста, а исто така, расте и на лошо тло. Во посеверните делови може да успее, но ако се одгледува во затворени простории или во стаклени градини.Совети за одгледување собни растенија - Олеандер

  • За буен раст, Олеандерот сака многу Сонце, па можете да го поставите директно изложено на него. Во лето му одговара балконот или јужниот ѕид. Оптимална температура му е 20-35 степени Целзиусови.
  • Типот на греење не е важен. Иако е зимзелено растение, сепак, можете да го поставите на веранда.
  • Во зиме, треба да го поставите на место каде ќе биде заштитен од замрзнување. Во екстремни случаи може да поднесе температури до -3. По завршување на зимата, листовите треба убаво да се измијат.
  • Најпогодна почва за Олеандерот е мешавина од хумус, песок и тресет во однос 2:1:1.
  • Што се однесува до наводнувањето, правете го тоа почесто на тој начин што ќе ставате вода во подлогата на саксијата. Така Олеандерот си зима колку што му е потребно. Карактеристична појава за него е „плачењето“. Тој транспирира на секои 14 дена.
  • Размножувањето може да го правите со дел од растението, бидејќи тој пушта коренчиња во која било годишна доба. Само внимавајте, во зиме, ставајте го на топло место.

Совети за одгледување собни растенија - Олеандер
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар