Совети за одгледување собни растенија – Дифенбахија

Совети за одгледување собни растенија – Дифенбахија

Дифенбахиите се декоративни билки, кои се погодни за еднолични топли простории. Ако сакаме буен раст, треба да им посветиме повеќе внимание отколку на другите зелени растенија. Дифенбахиите потекнуваат од густите, зелени шуми на Средна и Јужна Америка. Растат високо и имаат големи раскошни листови. Во соба расте до 1 метар и развива јако стебло. Цветовите се појавуваат повремено, но се неугледни и немаат декоративен карактер како листовите и стеблото.Совети за одгледување собни растенија - ДифенбахијаЏ. Ф. Дифенбах (1796-1867) бил виенски ботаничар кој го донел ова растение во Европа, па по него и го добило името. Дифенбахијата сака топлина, осетлива е на провев и студенило, како и на сув воздух. За успешен раст во соба, потребно е земјата да биде влажна, поставеноста да биде на светло место, но не директно на сонце, и редовно дохранување. Се пресадува на секои две години за да се контролира растот.

Една важна работа која треба да ја имате на ум е дека сокот од листовите на ова растение е отровен. Локалните племиња од Бразил го мачкале врвот на стрелата со сок од Дифенбахија при одењето во лов. Досега во Европа не е познат случај на труење од неговиот сок, но, без разлика, бидете внимателни. Како и да е, ова е раскошно растение, кое, без сомнение, со неговите шарени листови ќе ја убие монотоноста во вашата соба.Совети за одгледување собни растенија - Дифенбахија

  • Поставете ја Дифенбахијата на светло место, но не директно на Сонце. Сака температури 18-25 степени Целзиусови.
  • Најубаво успева ако се постави на светол прозорец и поради потребата од топлина, централното греење не му пречи.
  • Во зиме поставете го на најсветлото место кое го имате дома. Во просториите со централно греење влажноста одржете ја со прскање на листовите.
  • Најпогодна земја за негов раст е мешавина од плодна земја со тресет и песок.
  • Во лето треба редовно да го наводнувате, посебно во вегетацискиот период, а во зиме трудете се да одржите постојана влажност на земјата.
  • Размножувањето може да биде со сечење на дел од стебленцето и поставување во чаша вода на 25 степени. По некое време тоа пушта мали коренчиња. Кога тие ќе бидат доволно големи и на број, пресадете го во саксија.

Совети за одгледување собни растенија - Дифенбахија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. mimi Reply

    Ve molam za sovet imam Дифенбахијата cveke veke 5 god..nikako ne mi napreduva….na svetlina e staveno i vnimavam na tempraturata neznam zs taka???

Остави коментар