Совети за ниски девојки: Како да додадете некој сантим?
Ниски девојки и жени газат и по црвениот тепих. Да спомнеме само некои од нив како Ева Лонгорија, Кајли Миног и Шакира. Сепак, без разлика на својата висина, тие успеваат да им парираат на многу повисоките холивудски колешки. Во тоа успеваат благодарение на внимателно одбраните парчиња облека и накит кои ја издолжуваат нивната фигура. Еве ги нивните тајни.
1. Должина
Сакате максимално да ја издолжите вашата фигура? Избирајте кратки здолништа чија должина не ги преминува колената. Истиот ефект може да се постигне и со макси здолништа со висок струк кои совршено се вклопуваат со елегантни штикли. Висината на струкот би требало да дојде над природниот, така што долниот дел од фустанот ќе дојде во прв план.
2. Деколте
Деколтето е нејсензуалниот дел од телото и доколку сакате да го истакнете, направете го тоа со „U“ или со „V“ израз. Таквиот крој ќе ја издолжи линијата на вратот и ќе направи да изгледа поелегантно. Избегнувајте маици и фустани со кружен отвор.
3. Бои и дезени
Кога се во прашање боите, постои цела палета на нијанси кои добро им прилегаат на жените со поситна градба. Живите бои се полн погодок, а добро им стојат и популарните пастелни нијанси кои оваа сезона се вистински хит. Што се однесува до дезените, тие би требало да се ситни и дискретни, а еднобојните материјали се совршен избор.
4. Накит
Накитот е инстант подобрувач на секој стајлинг, но ниските жени треба да го избегнуваат крупниот и предимензионираниот. Долгите ланчиња кои стигнуваат до под градите или пак до папокот се пожелни за ниските девојки бидејќи создаваат визуелен ефект на издолжена фигура.
5. Чевли
Жените со низок раст често посегнуваат по вртоглаво високи потпетици кои докажано ја продолжуваат ногата и прават да изгледаат поелегантно. Но, сличен ефект може да се постигне и со умерено високи штикли, но со одбран модел. Бирајте поотворени чевли и избегнувајте ремчиња и украси околу и под глуждовите. Штиклите со боја на пудра кои оваа сезона се must have се ваши добри сојузници.
6. Крој
Облеката би требало да ја следи линијата на телото бидејќи на тој начин се нагласува силуетата. Избегнувајте вреќасти модели и материјали со хоризонтални пруги. Струкираните фустани совршено ќе ја нагласат вашата женственост. Ниските жени можат да си дозволат и тренди комбинезони, со долги проѕирни и прави ногавици со висок струк, додека треба да ги избегнуваат моделите со многу широки ногавици.