Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Сезоните можеби се менуваат, трендовите доаѓаат и си одат, но вистинскиот моден стил трае засекогаш. Вистинската модна девојка го држи својот прст на пулсот кога станува збор за трендови кои едноставно мора да се имаат, но секогаш ги помни наредниве неколку совети кога треба да одлучи што да облече наутро.

1. Високи потпетици

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

И покрај тоа што во глобала жените се жалат дека високите потпетици им предизвикуваат болка во нозете, сепак тие никогаш не би се откажале од нив. Причината се крие во начинот на кој тие прават ние да изгледаме и да се чувствуваме. Во високи потпетици жените не само што изгледаат како да можат да го освојат светот, туку тие исто така и се чувствуваат. Имајќи го ова на ум, не заборавајте дека нема ништо полошо од глетката на жена која се мачи да оди во своите високи потпетици, па токму затоа вежбајте сè додека не го усовршите одењето со нив.

2. Дознајте што најмногу ви одговара вам

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Не треба слепо да се следат најновите трендови, туку тајната се крие во градењето на моден стил кој најмногу одговара на вас, вашето тело и вашиот карактер. Истражувајте и откријте кои модни парчиња ги истакнуваат вашите добри страни и кои ги кријат вашите лоши страни. Жените кои го имаат научено овој трик секогаш изгледаат одлично во тоа што го носат, без притоа да ги имаат вклучено новите трендови од глава до пети во нивниот изглед.

3. Добрата комбинација е поважна од брендот или цената

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Без разлика на брендот или цената на одредено парче облека, доколку тоа не ви стои совршено тогаш едноставно не треба да го купите. Од друга страна, доколку не знаете да шиете, најдете кројач. На овој начин не само што ќе имате облека која совршено одговара на вашето тело, туку таа истовремено ќе биде уникатна и никој друг околу вас нема да биде во истата комбинација.

4. Издвојте се од толпата

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Обидете се најмногу што можете да бидете индивидуални и да се оттргнете од топлата. Најатрактивните луѓе на оваа планета се оние кои се уникатни и кои имаат да покажат нешто сосема различно. Која е вашата порака? Не се плашете да ја покажете.

5. Вреди да се инвестира во одредени модни комбинации

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Во светот на брзата мода, лесно можеме да се најдеме во ситуација каде што имаме полн шкаф со поевтини и помалку квалитетни парчиња облека кои се комплетно износени. Токму тоа и е причината да тргнеме во шопинг по нова облека. Но, понекогаш навистина вреди да се инвестира во нешто што ќе ни трае подолго време, како на пример, класично палто, прекрасна чанта, фустанот од соништата… Тие ќе траат многу подолго време и никогаш нема да излезат од мода, па токму затоа секогаш ќе ни бидат достапни за носење.

6. Најдобрите модни додатоци се ставот и високата самодоверба

Совети за модниот стил кои секоја девојка треба да ги знае

Кој е последниот чекор при формирање на вашиот моден кредибилитет? Тоа е ставот и високата самодоверба кои се јавуваат при носењето облека на кои сте горди. Многу е лошо кога изгледа дека облеката го носи човекот, наместо обратно. Вашата мантра треба да биде „Одбери го, носи го и изгледај одлично во него!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар