Совети за кариера што ќе ги запомните во рок од 3 секунди

Совети за кариера што ќе ги запомните во рок од 3 секунди

Знаеме дека ви се потребни корисни совети што се однесува до вашиот напредок во кариерата, но немате секогаш време да читате обемни книги и статии. Денес за вас избравме неколку кратки, деловни совети што можете да ги прочитате за неколку секунди. Без разлика дали барате работа, пишувате CV, сакате да го подобрите односот со колегите, или едноставно барате општи совети за кариера, вие сте на вистинското место!

Совети за кариера што ќе ги запомните во рок од 3 секунди

1. Првиот впечаток се создава за помалку од 30 секунди.

2. Сакате да ја зголемите вашата харизма? Работете на вашето позитивно размислување.

3. И најуспешните лидери во светот имаат чувства, па можат да изразат гнев и бес во некои ситуации.

4. Работата не се одразува само во пошироката слика, туку и во пријатен разговор со колегите.

5. Секогаш е потребно време за „успехот преку ноќ“.

6. Бидете љубезни, и на работа и во приватниот живот.

7. Секоја личност која ќе ја сретнете е потенцијална врата за нова можност – приватна или професионална.

8. Престанете да се извинувате.

9. За да ве гледаат како лидер треба да знаете како да се справите во разни околности.

10. Работодавците не ги интересира на кој факултет сте дипломирале.

11. Ако испратите CV во понеделник имате поголеми шанси да се вработите.

12. Вашето CV треба да биде многу јасно и прецизно во поглед на вашите достигнувања – надополнете го со факти и бројки.

13. Ако сакате да кажете некому кој сте, CV-то никогаш нема да биде доволно.

14. Во мотивациското писмо, работодавците сакаат да читаат не само за вас, туку и за себе.

15. Тајната на доброто мотивациско писмо: преправајте се дека пишувате на некој кој веќе ве сака и почитува.

16. Во мотивациското писмо нема место за пароли и изреки.

17. Не сте квалификувани за работата што ја посакувате? Не извинувајте се за тоа во пропратното писмо.

18. Донесете три копии од вашето CV, бележник и пенкало на интервјуто за работа.

19. За време на телефонското интервју, станете и насмевнете се, иако никој не може да ве види.

20. Првата работа што треба да ја направите додека истражувате за потенцијалниот работодавач е да откриете што го издвојува од конкуренцијата.

21. Најпродуктивните луѓе знаат како да ја балансираат и својата енергија, а не само времето.

22. Дали имате неколку слободни минути, а сакате да бидете продуктивни? Избришете ја апликацијата што ви го одвлекува вниманието.

23. Лошо опремената канцеларија може да се одрази негативно врз вашата креативност и продуктивност.

24. Ако му кажете на колегата дека нешто не знаете ќе направите голем чекор во кариерата.

25. Стравот од јавно говорење се надминува со вежбање, време и правење план.

26. Дали сакате работодавците да ве забележат? Направете своја официјална веб-страница.

Откако прочитавте кои се нашите кратки, а корисни совети за вашата кариера, можеби ќе сакате да дознаете и  кои 6 книги морате да ги прочитате доколку сакате да напредувате во вашата кариера.

Извор: wannabemagazine.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар