Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

Причината за големиот број пациенти со стомачен вирус е тоа што лесно се пренесува, а маските во овој случај и не се толку ефикасни. Најчесто се внесува во организмот преку валканите раце. Во услови на пандемија со ковид-19 имунитетот на сите е генерално послаб што дополнително го олеснува преносот на вирусот.

Совети за како да го препознаете и како да се справите со стомачниот вирус

Симптоми

Симптомите на стомачниот вирус вклучуваат чувство на гадење и омалаксаност, повраќање и дијареа, а се резултат на губење на електролитите од организмот.

Дијагноза

Пациентите најпрвин доставуваат примерок за микробиолошка анализа. Доколку дигестивните проблеми се проследени со висока температура, пациентите се испраќаат на тестирање во ковид центар. Кај голем дел од пациентите, стомачниот вирус се појавува како резултат на вирусот ковид-19.

Третман и исхрана

При лекувањето на стомачен вирус се препорачува да се внесуваат колку што може повеќе течности во организмот. Пијте чај, јадете двопек и избегнувајте јајца и млечни производи. Не заборавајте дека треба да продолжите со правилната исхрана и хидратација и откако ќе поминат тегобите. Во првите денови не треба да јадете ништо мрсно или премногу зачинето што би можело да го иритира желудникот. Наместо тоа, внесувајте полесна храна, супи, како и доволно количество на натриум и калиум.

Дополнителна терапија

На пациентите кои боледуваат од стомачен вирус, честопати им се дава инфузија како и клометол кој ја намалува мачнината и ги ублажува симптомите. Исто така, пожелно е да се внесуваат витамин Ц и витамин Д во организмот.

Откако прочитавте кои се симптомите и како да се справите со стомачниот вирус, можеби ќе ве интересира да дознаете и кои 6 есенски намирници можат да го зајакнат имунитетот.

Извор: lepotaizdravlje.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар