Совети за ефикасно ценкање

Совети за ефикасно ценкање

Без разлика дали пазарувате на Бит пазар или на одмор во Турција или Шпанија, продавачите секаде се ценкаат. Тие се обидуваат да извлечат максимум за она што го продаваат, понекогаш на штета на купувачот, па би било добро да знаете како да се поставите со таквиот продавач со цел да платите онолку колку што вреди нивниот производ.

Совети за ефикасно ценкање

Не покажувајте голема желба да купите. Ако продавачот почувствува дека едвај чекате да го отворите паричникот за она што тој го нуди, тоа ќе ја зајакне неговата преговарачка позиција и ќе ви побара повеќе. Не прашувајте веднаш за цената. Воздржете се од покажување какви било знаци дека сте дојдени да купите по секоја цена.

Поразговарајте со продавачот. Тие обожаваат да разговараат со купувачите, а вие ќе се изненадите колку тоа може да ја спушти цената. Дајте му некој комплимент, прашајте го од каде потекнува, а таквата комуникација може да ги спречи добро да се соживеат со улогата на највештиот продавач на светот и да ви извлече повеќе пари отколку што навистина треба.

Истакнете ги недостатоците на производот. Продавачот секако ќе се обиде да ви го прикаже производот како создаден за вас, тоа всушност ја билда неговата цена. Сепак, вие знаете дека ниту еден производ не е совршен, па затоа посочете ги недостатоците кои сигурно ќе ја доведат цената поблиску до реалната.

Совети за ефикасно ценкање

Поведете со вас некој кој ќе ве одвлекува од купување скапи работи. Кога итриот продавач ќе ги слушне сите негативни мислења на оној со вас, веднаш ќе стори сè за да не пропадне продажбата. Некои од нив веднаш драстично ќе ја намалат цената со цел што побрзо да се склучи зделката.

Предложете разумна цена. Така ќе му дадете до знаење дека нема да платите онолку колку што ви бара. Впрочем, тие често почнуваат да преговараат со многу висока цена само да добијат добра стартна позиција пред вие да се обидете да ја снижите.

Одете си од тезгата или продавницата. Во случај кога продавачот тврдоглаво ви бара сума која не сте подготвени да ја платите, најдобро е да си заминете. Ако тоа е реалната цена, тој ќе остане на неа. Но, ако блефира за квалитетите на неговиот продукт, тој ќе оди по вас предлагајќи ви сѐ пониска цена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Смајли Reply

    Ценкањето е простачко. :/

Остави коментар