Совети за 20-годишниците: Како да го извлечете најдоброто од себе?

Совети за 20-годишниците: Како да го извлечете најдоброто од себе?

20-тите години од нашите животи се период во кој чувствуваме дека сме незапирливи и дека располагаме со потенцијал кој треба да биде искористен. На моменти може да се почувствуваме несигурно и исплашено, но важно е да не ги заборавиме најважните нешта. Еве како во екот на младоста да го извлечете најдоброто од себе.

Совети за 20-годишниците: Како да го извлечете најдоброто од себе?

1. Патувајте

Без разлика дали сте пораснале во голем или мал град или во село, вистината е дека во вас се врежани одредени идеи, ставови и гледишта. Патувањето ќе ви ги прошири хоризонтите и ќе ве натера да прифатите повеќе различни култури и вредности, истовремено терајќи ве повеќе да се запознаете себеси. Искористете ја секоја можност да искусите нешто ново без разлика дали станува збор за одмор или стажирање во странство.

2. Променете го вашето гледиште за парите

Во ред, парите се потребни, но сигурно не се сè во животот. Ако само се стремите кон правење пари со цел да покажете дека вредите, ќе пропуштите многу важни нешта во животот. Затоа неопходно е да го најдете тој баланс на нештата. Ако пак, од друга страна, продолжите да ги гледате парите како средства кои ги добиваме од нашите родители и кои постојат за да се трошат без резерва, нема да научите да ги вреднувате правилно, а навистина треба.

3. Пронајдете го вашиот пат во животот

Залудно е да продолжите да пробувате да се вклопите во некоја шема, 20-тите години се вистинско време да се откриете себеси. Оставете го светот, трендовите, ставовите и мислењата настрана, и вистински откријте се себеси. Што сте, во што уживате, што сакате, каде мислите дека припаѓате? Време е да го пронајдете вашиот пат во животот, да се научите себеси но и да се сакате токму какви што сте.

4. Почнете да се грижите за вашето тело

Време е да престанете да се однесувате лошо со своето тело. Недоволниот сон, претераното пиење, лошата исхрана – можеби овие нешта нема да се манифестираат со последици во вашата младост, но со сигурност ќе дадат резултати подоцна. Доколку сакате да се чувствувате убаво, да бидете полни со енергија и виталност, почнете да се грижите за своето тело.

5. Научете да се дистанцирате од виртуелниот свет

Социјалните мрежи ви беа интересни кога бевте тинејџери. Време е да научите да се дистанцирате од виртуелниот свет и многу повеќе да се осврнете кон реалниот живот како стекнување вистински пријатели, учење и доживување нови авантури.

Совети за 20-годишниците: Како да го извлечете најдоброто од себе?

6. Простете си себеси за минатото

Грешките во сечиј живот се неизбежни, и тие нè учат на големи и важни лекции. Точно е дека сте направиле грешки и пропусти и дека некои нешта во минатото сте ги направиле погрешно, но токму тие ве направиле она што сте денес. Секој има товар од минатото и ако не си простите само ќе продолжите да се мачите себеси и нема да ви успее да свртите нова страница и вистински да почнете од почеток.

7. Дистанцирајте се од драма и конфликти

Некои личности сакаат да предизвикуваат драми и кавги поради многу причини, но кога добро ќе размислите навистина не вреди да претрпите толкав стрес за на некого да му правите забава. Постојат многу личности и ситуации кои ќе ве испровоцираат но држете се подалеку од токсичните пријатели и кралиците на драмата.

8. Успорете

Секако дека не можете да дочекате да ви се случат големи нешта, да постигнете многу, да искусите што е можно повеќе авантури, но во ред е некогаш да паузирате, да застанете. Впијте ги нештата кои ви се случуваат, уживајте во малите работи наместо брзо да итате кон повеќе бидејќи еден ден ќе сфатите дека сте ги пропуштиле сите мали нешта кои го прават животот.

9. Инвестирајте во себе

Без разлика дали станува збор за нова книга, курс или посета на семинар, инвестирајте во сè што може да ве надгради и унапреди како личности. Таа инвестиција секогаш се исплаќа.

10. Дефинирајте ги вашите вредности

Нештата кои ве прават среќни, личностите на кои им се восхитувате и ги почитувате, работите во кои вложувате и верувате се вашите вредности. Концентрирајте се на тоа да го живеете животот според вредностите кои сами сте ги поставиле за себе. Така гарантирано ќе бидете посреќни.

Совети за 20-годишниците: Како да го извлечете најдоброто од себе?

11. Најдете ги вашите вистински пријатели

Како мали сме се дружеле со децата кои живеат блиску до нас или ни се куќни пријатели, како тинејџери сме се дружеле со оние кои учат заедно со нас, а како возрасни се дружиме со нашите колеги. Сепак, настрана од оние личности со кои можете да си направите добар кафе-муабет постојат вистинските пријатели со кои може да направите буквално сè. Тука е вашиот партнер, социјалниот живот, зафатеноста со работа, што придонесува да ги занемарите пријателствата, но никогаш не заборавајте колку вредат. Најдете ги вашите вистински пријатели и чувајте ги како да се скапоцени камења. Секому му треба вистински пријател, нека не ве залажува она што го имате во моментов.

12. Не дозволувајте му на детето во вас да исчезне

Веќе станувате возрасни и од вас се бара да бидете посериозни и тоа е сосем правилно. Но, никогаш не дозволувајте детето во вас да ве напушти, колку и да ви звучи налудничаво. Тоа што имате над 20 години не значи дека не треба да се радувате на детски песни, да пеете гласно, или да играте со јаже исто како кога бевте мали.

13. Научете да управувате со парите

Најпрво учете од вашите родители или од оној кој може да ви послужи како пример, потем почнете да го применувате наученото. Не мора да бидете економисти за да знаете како да управувате со парите, едноставно тоа е потреба во животот па бидете паметни дури и кога станува збор за ситни трошоци.

14. Поставете си цели

Не зборуваме за детален план за животот, но пожелно е да знаете кон што се движите и што сакате. Оној кој не знае што сака веројатно нема ни да го добие. Поставете си цели и не заборавајте да го направите првиот чекор кон нивно остварување.

15. Решете ги вашите најголеми проблеми

Факт е дека во животот секој има проблеми, а не ни сакаме совршен здодевен живот во кој тече мед и млеко. Но, зборуваме за нештата кои веќе со години ве мачат и кои треба еднаш засекогаш да ги решите за да живеете исполнет и среќен живот. Не дозволувајте си да продолжите понатаму во животот чувствувајќи голем проблем со самодовербата, љубомората, стравот или некоја фобија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар