Совети што многу девојки би сакале да ги слушнат по завршувањето факултет
Завршувањето факултет може да биде навистина страшно. Сте го поминале целиот живот на училиште подготвувајќи се за моментот кога ќе влезете во вистинскиот свет. Но што се случува кога ќе стигнете таму? Што ако нештата не одат по план? Неколку девојки ги споделиле советите кои би сакале да ги знаат во тој период од нивниот живот. Ако ви е потребна малку утеха, овие цитати ќе ви помогнат.
1. Не плашете се ако се променат вашите пријателства
„Вашиот совршен свет од соништата не постои и разните искуства ќе ве насочат по правиот пат. Нема да завршите со совршената работа. Можеби нема да останете во контакт со колегите, но повеќето од нив ќе бидат овде. Најдобрите секогаш ќе бидат овде за вас, па нема потреба да се плашите ако не сте постојано во контакт.“ – Кајла, 23
2. Пробувајте нешта и дознајте што навистина сакате
„Мислам дека многу луѓе треба да знаат дека нема сè да оди по план неколку години по завршувањето факултет. Во ред е да лутате за да сфатите што навистина сакате да правите. Пробувајте нови работи во кариерата, љубовта и пријателството.“ – Алана, 27
3. Не плашете се од непознатото
„Не сум почувствувала посилна анксиозност од онаа по дипломирањето. Ниту еден испит или презентација не направиле да се чувствувам како кога ја добив дипломата. Бев под голем притисок да знам што треба да правам. Кога ќе погледнам назад, знам дека би било добро да имало кој да ми каже дека патот пред мене е бурен, но дека непознатото е дел од патувањето и тие моменти се оние што ќе ги паметите.“ – Катерина, 27
4. Не заборавајте колку сте силни
„Вашата борба само што започнала. Не е лесно да влезете во поле каде што доминираат мажите и постојано ќе треба да се докажувате. Верувајте во себе и во вашите способности. Вие сте многу посилни отколку што мислите дека сте.“ – Ерин, 27
5. Не избрзувајте со одлуки пред да размислите
„Иако постојано го слушам ова, сакам некој да ми кажел дека не треба да избрзувам со одлуки пред да размислам. Исто така посакувам некој да ме натерал да размислам каде сакам да бидам за 5 години од сега. За крај, сакам некој да ми кажел дека понекогаш јас ќе бидам мојот најголем пријател, но тоа не значи дека не можам да се променам и да се сакам. Никој не е совршен.“ – Ванеса, 25
6. Вашите приоритети ќе се променат
„Би сакала некој да ми кажеше дека е во ред да немам испланирано сè. Навистина може да биде страшно кога одеднаш ќе ја немате рутината со предавања, како на вашиот живот да му недостига структура. Но сосема е во ред да одвоите време и да разгледате што е најдобро за вас. Не секој ден или недела треба да вклучуваат работа, пријатели, теретана и друг вид активности што сте ги имале на факултет. Во ред е постепено да учите која е рамнотежата што ви е потребна и како да го направите распоредот што ви одговара. Ми беше потребно време да се навикнам дека е во ред да не правам милион нешта одеднаш. Ако немате полн распоред не значи дека нешто не е во ред. Можете да земете слободен ден, или пак некои недели да се фокусирате повеќе на себе отколку на работата и пријателите. Приоритет ќе ви станат вашите потреби, а не потребите на другите околу вас.“ – Е. Б. 23
7. Во ред е вашиот живот да биде поразличен од оној на другите
„Животот по факултетот изгледа различен за секого и тоа е во ред. Дипломирањето значи различни нешта за моите родители, пријатели или цимери. Ако мојот живот не изгледал како оној на другите, ако немам работа веднаш по дипломирањето или ако не можам веднаш да се преселам во друг град, тоа не значи дека вредам помалку. Всушност, ова е почестото сценарио.“ – Анонимна, 26
8. Вашата работа од соништата нема да ја добиете уште веднаш
„Кога дипломирав сакав работно место во една компанија. Работев напорно на факултет, но не ја добив посакуваната работа. Без разочарана и ми требаше долго време да сфатам дека работата што ја добив е навистина добра. Би сакала да бев пофлексибилна. Не знаете какво е работното место додека не го пробате, па немојте да ги отстранувате можностите. По факултет потребна ви е работа, која било работа. Работата од соништата ќе дојде подоцна.“ – Хана, 25
9. Имате време да сфатите сè
„Имам видено многу луѓе што дипломирале и што се плашат бидејќи не се на местото на коешто би требало да бидат. Се прашуваат што прават со нивните животи и зошто немаат подобра работа. Мислам дека нештата стануваат рутина и не се возбудливи колку што мислат, но потребно е да се потсетиме дека сме млади и имаме време да го најдеме она што го сакаме. Постојано се потсетувам на мојата возраст кога мислам дека не правам ништо со мојот живот. Се потсетувам дека имам само 24 години и дека треба да се смирам и дека имам време да истражувам, да откријам што сакам и да ги променам нештата што не ги сакам.“ – Анамарија, 24
Прочитајте ги и работите кои никој не ви ги кажал за животот после факултет.