Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

По две и пол годишна врска, една девојка раскинала со нејзиниот партнер преку обичен разговор. И покрај тоа што одлуката била заедничка, раскинувањето било болно. Со цел да се справи со целата ситуација, таа ги послушала советите од познатите романтични комедии, открила кои навистина помагаат, и притоа ги оценила со оценки од 1 до 5. Прочитајте за кои совети станува збор…

Вино на каучот: Еден ден по раскинувањето

Совет од филмот „Деверици“ (Bridesmaids)

Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

Емоционалната болка оди добро со вино. Во филмот, сингл девојките зборуваат за нивните емоции додека пијат вино, смислуваат начини како да се одмаздат и плачат поради тоа што нема да најдат друг како него, додека нивната најдобра пријателка ги теши. Но, доколку не сте подготвени да го анализирате минатото, сегашноста или иднината, сосема во ред е да се преправате дека сѐ е како што треба. Повикајте ја вашата најдобра пријателка, набавете шише (или две) црвено вино, спомнете го раскинувањето, но повеќе зборувајте за вашата работа, за некоја нова серија и слично. Не мора веднаш да ги истурите сите ваши чувства и да доживеете емоционална катарза. Има време за тоа. Додека да трепнете денот веќе поминал и дошол вториот ден по раскинувањето. Според тоа, може да се каже дека овој метод е многу ефикасен.

Оценка: 4

Омилената серија и брза храна: Четири дена по раскинувањето (и уште многу други денови потоа)

Совет од филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ (Bridget Jones’s Diary)

Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

Ова е моментот од филмот кога треба да ја сожалуваме протагонистката поради тоа што изгледа патетично во старите тренерки и бута сладолед додека плаче на тажните љубовни сцени. Но, веќе во следната сцена, таа како феникс ќе се издигне од пепелта, откако ќе се дотера, ќе излезе да го освои светот и случајно ќе ја сретне љубовта на нејзиниот живот. Овој метод можете да го искористите на два начина. Можете да одберете филм или серија што ќе ве натера да заборавите на вашите проблеми и ќе се фокусирате на автомобили што експлодираат и забавни негативци, нешто сосема неповрзано со вашата тажна љубовна приказна. Или можете да одберете нешто трогателно по кое вашите емоции самите ќе испливаат на површина. На овој начин ќе се чувствувате подобро, но ќе продолжите да одбегнувате да се соочите со вашите чувства.

Оценка: 5

Излегување на љубовни состаноци: 14 дена по раскинувањето

Совет од филмот „Заборавајќи ја Сара Маршал“ (Forgetting Sarah Marshall)

Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

Најчестите совети од другарките се „Најди си нов“ и „Почни да излегуваш на љубовни состаноци, ќе ти биде забавно“. Многу ликови од романтичните комедии го применуваат овој совет. Па, така евентуално ќе се согласите да одите на пијалак со некој дечко со кого сте се допишувале на Фејсбук или Инстаграм. Можеби ќе ви биде непријатно, но можеби љубовниот состанок ќе заврши со нешто повеќе од бакнеж. Вие ќе се чувствувате сосема добро, но нема да има искри како на филмовите кога всушност се работи за љубовта на вашиот живот. Ниту, пак, ќе доживеете просветлување дека треба да се смирите со бившиот. Во филмовите обично се случува една од овие две работи. Единствено нешто што ќе сфатите по овој љубовен состанок е дека нема да можете туку-така да започнете нова врска. Ќе разберете дека ви претстојат уште многу просечни љубовни состаноци во иднина пред да наидете на нешто добро и вистинско како вашата последна врска. Здраво е тоа што ќе се соочите со фактот дека сте сингл и дека ве очекуваат неодреден број на ноќи поминати со просечни мажи, но веројатноста е дека ова сознание ќе ви падне тешко.

Оценка: 2 +

Луда и незаборавна ноќ со женско друштво: 30 дена по раскинувањето

Совет од филмот „Најслаткото нешто“ (The Sweetest Thing)

Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

Доколку не сте многу по ноќните излегувања, веројатно ќе треба да помине многу време по раскинувањето за да се одлучите на овој чекор. Јавете им се на вашите најдобри и најзабавни пријателки, дотерајте се, облечете ги највисоките потпетици и почнете со неколку пијалаци во некој бар за на крајот да завршите во ноќен клуб каде што ќе танцувате до зори како да нема утре. На овој начин, ќе заборавите на раскинувањето, ќе си ја вратите самодовербата и ќе можете слободно да разговарате со кого и да посакате без да се грижите дали вашето љубоморно момче ќе се налути. Но, внимавајте да не претерате со пиењето бидејќи наредниот ден нема да можете да мрднете од кревет и очајно ќе ви биде потребно друштво. Веројатноста е дека сепак ќе претерате со алкохолот, така што овој совет можеби нема да ви помогне многу.

Оценка: 1

Драстична промена на фризурата: 33 дена по раскинувањето

Совет од филмот „Сексот и градот“ (Sex and the City)

Совети од романтичните комедии кои навистина помагаат при преболување на раскинувањето

Кога Ѕверката ќе ја остави Кери пред олтарот, таа ќе реши да го промени нејзиниот живот преку нејзината коса и нејзината руса коса ќе ја бојадиса во кафеава. Истото можете да го направите и вие. Не плашете се да одберете смела боја која со сигурност ќе ве издвои од толпата. Сите ќе ја забележат вашата промена и вие со сигурност ќе се чувствувате поубаво и посамоуверено.

Оценка: 4

Секако дека ова не се единствените работи кои ќе ви помогнат да го преболите раскинувањето, но дефинитивно ќе го олеснат целиот процес. Најважно од сѐ е да си дадете време и да не губите надеж дека вистинскиот ќе се појави токму тогаш кога најмалку ќе очекувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар