Совети од мајки: Како да бидете добра девојка во 20-тите?

Совети од мајки: Како да бидете добра девојка во 20-тите?

Без разлика дали сакате да признаете или не, вашата мајка е полна со мудрост. Таа има многу совети за вашиот живот, вклучувајќи ги и оние за романтичните врски во вашите 20-ти. Можеби ќе ви каже дека треба да учите од вашите грешки, но и ќе ве советува како да ги избегнете. Па, прочитајте ги овие совети од 8 мајки за тоа како да бидете добри девојки во вашите 20-ти.

Совети од 8 мајки: Како да бидете добра девојка во 20-тите?

1. Не брзајте за сериозна врска

„Движете се бавно и имајте на ум дека луѓето многу се менуваат во нивните 20-ти. Ова е период за истражување, а не за пребрзо донесување сериозни одлуки.“ – Шери, 58

2. Забавувајте се и создавајте сеќавања што ќе траат целиот живот

„Забавувајте се за кога ќе имате деца да можете да споделите прекрасни приказни со нив.“ – Лиса, 57

3. Ценете ја независноста, но бидете и добар партнер

„Немојте да бидете зависни. Сакајте ја својата независност. Хранете ја неговата душа и неговиот стомак.“ – Одри, 53

4. Не попуштајте под туѓиот притисок

„Почитувајте се. Ако некое момче или девојка прави да се чувствувате неудобно, има причина за тоа. Откријте ја.“ – Кети, 61

5. Уживајте во моментот, не секогаш планирајте за иднината

„Личноста со којашто се гледате на 23 години можеби нема да биде добра за вас кога ќе наполните 40. Не дозволувајте ова да ве спречи. Во ред е да се забавувате дури и ако не гледате заедничка иднина.“ – Мередит, 43

6. Одберете го она што е најдобро за вас

„Немојте да одбирате факултет поради вашето момче. Одете на факултетот што е најдобар за вас и за вашата иднина. Ако тој е вистинскиот, врската ќе преживее и на далечина.“ – Кети, 58

7. Вашите цели нека ви бидат приоритет и не ѝ дозволувајте на врската да ве забави

„Нема потреба да брзате во врските во 20-тите бидејќи ова е еден од највозбудливите периоди во вашиот живот. Време е да ги искористите сите можности. Фокусирајте се на вашите цели без грижа како тие ќе влијаат на некој друг.“ – Кристин, 58

8. Подгответе се за неочекувани околности

„Секогаш имајте приватна банкарска сметка на името на мајка ви за која никој не знае.“ – Лорен, 52

Иако овие совети се различни, сите го кажуваат истото. 20-тите се период на созревање и промени, па нема потреба да се „смирите“ со некого уште веднаш. Она што треба да се случи, ќе се случи. Не е себично приоритет да ви биде образованието, а не момчето или девојката. Вистинската личност за вас ќе ве почитува и ќе ја сака вашата амбиција. Ако вашиот партнер не го подржува вашиот успех, тогаш тој не е за вас.

Дознајте и кои се грешките што е добро да ги направите во вашите 20-ти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар