Совети и трикови за полесна нега и одржување на комбинираната коса

Совети и трикови за полесна нега и одржување на комбинираната коса

Сѐ започнува со масен скалп и сува коса која завршува со испукани врвови. Слично како комбинираната кожа, така и комбинираната коса содржи сосема спротивни карактеристики што ви ја отежнуваат секојдневната грижа. Додека триковите и тајните на комбинираниот тип кожа и нејзината нега на сите нас ни се добро познати, овој вид коса сѐ уште е мистериозен дел од светот на убавината, па затоа и малку се зборува и пишува на оваа тема.

1-soveti-i-trikovi-za-polesna-nega-i-odrzhuvanje-na-meshovitata-kosa-www.kafepauza.mk_

И додека на полиците на познатите дрогерии ќе пронајдете производи кои се прилагодени токму за комбинираната коса, грижата и негата за овој тип бара многу поголемо внимание од изборот на соодветен шампон. Денес ви ги откриваме сите тајни на комбинираната коса и едноставните трикови за правилна нега на оваа предизвикувачка состојба што ќе ја променат вашата секојдневна рутина и ќе се погрижат косата да ви изгледа подобро од кога било досега.

Првото прашање кое се наметнува кога зборуваме за масниот скалп е колку често и со што треба да ја миете косата. Иако многумина ќе се спротивставуваат, изразениот масен скалп често бара секојдневно миење на косата. Ако освен за масниот скалп, истовремено се грижите и за сувата коса и испуканите врвови, изборот на соодветен шампон е од голема важност.

И додека шампоните за масна коса кои ќе бидат првиот избор за многумина додатно ќе го исушат остатокот од косата, изборот на благ шампон, како што се поголемиот дел квалитетни бебешки шампони или оние наменети за секојдневно миење на косата, ќе бидат совршениот почеток за нега на комбинираната коса. Шампонот нанесете го на самиот скалп и длабоко масирајте го за да ја исчистите маснотијата, а потоа нежно и кратко масирајте го и остатокот од косата за да ја отстраните нечистотијата, но и да го избегнете претераното третирање на сувата коса.

3-soveti-i-trikovi-za-polesna-nega-i-odrzhuvanje-na-meshovitata-kosa-www.kafepauza.mk_

После шампонот, регенераторот е задолжителен дел од рутината со оглед на испуканите врвови и сувата, безживотна коса. За разлика од миењето на косата со шампон каде што се концентриравте на скалпот, негата со регенераторот е потребно да се концентрира на врвовите и сувите влакна, избегнувајќи го скалпот и горната половина на влакната.

Освен изборот на совршени шампон и регенератор, како и нивното правилно користење, во секојдневната нега на комбинираната коса е многу важно избегнувањето на обликување со топлина која дополнително ќе ги исуши сувите делови од косата и ќе го поттикне скалпот на зголемено лачење масло. Резултатот ќе биде ефект кој е спротивен од посакуваниот. Избегнувањето на топлина започнува уште од самото миење на косата кога е пожелно да користите ладна, млака вода. Сушењето на косата со фен, иако е препорачливо да се избегнува, понекогаш е неизбежно и тогаш е потребно да се држите што е можно подалеку од најтоплите поставки на фенот. Кога зборуваме за фризурите, избегнувајте ги оние кои бараат користење на фен, фигаро или преса за коса. Собраната коса или плетенките ќе изгледаат одлично и на вашата коса ќе ѝ обезбедат одмор од претераното третирање. Капите, шеширите и марамите во секое годишно време од годината освен улогата на тренди детали во вашите модни комбинации ќе го имаат и оној пожелен моден детаљ кој ја штити вашата коса.

4-soveti-i-trikovi-za-polesna-nega-i-odrzhuvanje-na-meshovitata-kosa-www.kafepauza.mk_

Остатокот од производите за нега на комбинираната коса вклучуваат чешел со природни влакна, длабинско чистење на влакната, користење масло за коса на нејзините врвови еднаш неделно и избегнување на непотребното користење производи за стилизирање, како што се лак за коса, восок, пена или шампон за суво миење. Најважната работа која мора да ја запомнете е дека изборот на соодветни препарати и нега е доста индивидуална работа која ќе се менува од коса до коса, од влакно до влакно, особено кога зборуваме за комбинирана коса. И додека горенаведените трикови сигурно ќе помогнат и ќе ви ја олеснат грижата за овој вид коса, конкретниот избор на шампон и регенератор кој ќе биде соодветен за вас и понатаму ќе се сведе на методот на обиди и грешки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар