Совети и трикови за одржување на вашата коса

Совети и трикови за одржување на вашата коса

Сакате да ја одржите бојата на вашата коса, да ја негувате должината или пак да имате здрави кадрици? Стручните стилисти за коса го имаат решението. Еве ги основните 10 правила кои не треба да ги прекршувате:

Совети и трикови за одржување на вашата коса

1. Најдете шампон што помалку пени – Многу сапуница не значи и повеќе чисто. Напротив, понекогаш значи токму спротивното. Шампоните кои многу пенат често се преполни со состојки за навлажнување, што може да резултира со остатоци од нив на вашата коса. Поради ова косата ќе изгледа повалкана и побрзо ќе се измрси. Затоа, барајте шампони со формула без сулфати.

2. Смрзнете ги прамените – Пред да излезете од туш-кабината, пуштете ја ладната вода и поминете со тушот по должината на влакното неколку секунди. Ова ќе направи кадриците да добијат свилен изглед.

3. Правете ѝ на косата топло-ладно – Кога користите кружна четка за да ја исфенирате косата прамен по прамен, започнете од коренот и сушете сè до долу, така што малку ќе ја задржите четката на врвовите. Оставете ја косата да се излади 5 секунди, па потоа повторете ја постапката со наредниот прамен. Оставањето на косата да се излади помеѓу секое загревање, ќе ви помогне во обликувањето и ќе ја направи косата да изгледа погусто.

Совети и трикови за одржување на вашата коса

4. Нанесете глазура помеѓу третманите за фарбање на косата – Ја фарбате косата кај вашиот стилист во одредени интервали, но после првата недела од третирањето со боја, таа веќе не изгледа сјајно, живо и моќно. Со користење глазура, всушност ги пополнувате дупките и грубите делови од кутикулите на вашата коса и на тој начин се добива мазен изглед и се враќа потребната влажност на влакното. Косата ќе ви сјае, бојата ќе биде појасна, подолго ќе трае и ќе изгледа подобро.

5. Користете витлери за повеќе волумен – За секси изглед на вашата коса, после миењето, дувајте со фенот додека не се исуши. Потоа, одделете прамени од врвот на главата, во пределот од кај слепоочниците, па надолу во венечниот дел. Издвоениот дел поделете го на три помали делови, во вертикала, како кога би правеле четка и завиткајте го секој дел во витлери со пречник од околу 5-6 см. Оставете ја така косата 30 минути и потоа пуштете ги прамените. Благо поминете ги со четка и прснете лак за подолга трајност.

6. Побрзо тргнете ја крпата – Можеби мислите дека правите добро што ја подзасушувате косата во пешкирот, додека се шминкате или се занимавате со други работи низ дома. Но, ова ќе предизвика вашата коса да се навитка. Грубоста на памукот ќе влијае да се отворат кутикулите на косата, што ќе ја зголеми веројатноста секој прамен да си земе свој правец. Многу подобро е само да го впиете вишокот вода во пешкирот и потоа да го тргнете сосема, да ја оставите косата природно да се суши 5-10 минути, а потоа да ја досушите со фен.

Совети и трикови за одржување на вашата коса

7. Нанесувајте ги производите за стилизирање 10 минути порано – Без разлика дали сакате да ја навиткате или сосема да ја исправите вашата коса, ставете ги препаратите 10 минути пред да почнете со работа. Ова ќе овозможи состојките од употребениот препарат целосно да се впијат во влакната, па и целосно да ги почувствувате неговите ефекти.

8. Навиткајте ја, но не чешлајте ја косата за да направите брзи кадрици – Кога користите пегла за виткање, не мора силно да ги зацврстувате прамените околу неа. Наместо тоа, селектирајте ги саканите прамени, држете го секој по 10 секунди и ќе го постигнете истиот секси ефект на вашите кадрици.

Совети и трикови за одржување на вашата коса

9. Користете спреј за навлажнување на косата – Ако станете од спиење со уништени кадрици од претходниот ден, напрскајте го горниот слој од косата за да се навлажни, потоа земете голема кружна четка за да ги издувате кадриците со фен. Ќе постигнете голем волумен на овој слој, а поради тоа што непосредно сте ја сушеле косата, ќе создадете илузија на штотуку направена фризура.

10. Користете го шампонот на поинаков начин – Наместо да чекате да ви се измрси косата за да ја измиете цела, веднаш по миењето, земете мала количина шампон, поставете го на коренот и веднаш исушете го. Иако вашата коса била чиста, бариерата што ја поставувате со шампонот ќе ги одбива нечистотиите и маснотиите што влакната би ги собрале во текот на денот. Плус, ова ќе ѝ даде супер волумен на косата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. anna Reply

    Super !! fala vi mnogu!!

Остави коментар