Сорбет од лубеница и мохито
Лудо освежителен десерт
Потребни состојки:
- 2 кг лубеница, исечена на парчиња и исчистена од семки
- 2 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици бел рум
- 4-5 ливчиња свежо нане
- 60 мл сок од лимета
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги лубеницата, сокот од лимета и шеќерот. Миксајте додека да добиете еднолична смеса. Потоа, додадете ги нането и румот и повторно миксајте додека да добиете пире. Смесата ставете ја во замрзнувач да отстои околу 30 минути. По 30 минути пирето од лубеница префрлете го во машина за сладолед и продолжете со процесот на подготовка според упатството на уредот. Доколку немате ваква машина, извадете ја смесата од замрзнувач по 45 минути и потоа на секои 30 минути мешајте ја енергично, рачно или со миксер. За да го постигнете бараниот ефект, ова ќе треба да го правите 2-3 часа. На крај, смесата оставете ја во замрзнувач да се излади околу 3 до 4 часа. Сервирајте со алатка за сладолед и декорирајте со свежи ливчиња нане.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.