Соочување со одбивање: 6 изненадувачки придобивки од ова искуство

Соочување со одбивање: 6 изненадувачки придобивки од ова искуство

Ако сте од оние кои се обидуваат да пробаат речиси сè, сигурно сте се соочиле со одредено одбивање. Секако, тоа воопшто не е пријатно чувство. Кога тоа поминува, понижувањето и вината остануваат да ве прогонуваат, заедно со вашите спомени. Секогаш кога ќе се присетите на овие моменти, се чувствувате ужасно, а тоа може да трае повеќе денови, недели или пак месеци. Но, доколку едноставно не посегнувате кон нешто ново и останувате во зоната каде што сте безбедни, тогаш, на некој начин, вие залудно го трошите вашето време. Потребно е да знаете дека искуството е важен дел од вашиот живот, а еве некои работи коишто ги добивате тогаш кога се соочувате со одбивањето.

1. Одбивањето „ве симнува на земја“

Тешко е да се има објективно мислење за себе. Дури и да сте најрационалниот човек на светот, честопати ќе ја потцените или ќе ја прецените вашата вредност и вашите способности. Мислењето „Јас сум најдобар“ е позитивно и е поттик за вашата самодоверба, но оваа мисла исто така може да ве стави и во заблуда. Токму одбивањето ви овозможува да ја проверите реалноста. Тоа ве тера да се посомневате во вашите способности, велејќи си „Можеби јас не сум толку добар во тоа“ или пак „Дефинитивно, треба да се потрудам повеќе“. Ова ќе ви даде појасна претстава за тоа што навистина знаете за себе, а на некој начин ќе ви го покаже и патот по којшто треба да одите за да се подобрите.

2. Одбивањето значи дека се обидувате да најдете нешто вредно

Не е лесно да се достигнат одредени цели, но секој којшто има достигнато нешто повеќе, тоа го направил после одреден број одбивања. Ако постојано добивате одбивања тогаш продолжете да се обидувате. Ова ќе покаже дека сте подготвени да го инвестирате вашето време и вашата енергија во нешто што го сакате. Секако, патот може да биде трнлив, но порано или подоцна вие ќе стигнете до посакуваната дестинација.

3. Одбивањето ве прави трпеливи

„Сакам сè и го сакам тоа сега!“ Не изненадувајте се доколку се препознаете во овие зборови. Ова е заеднички начин на размислување на многумина современи луѓе. Моменталното задоволување е она по што копнеат многу, а притоа се заборава процесот којшто е потребен за да се добие нешто вредно. Сигурно повеќето од вашите цели не доаѓаат на едноставен начин и бараат поголем напор за нивно остварување. Не постои замена за напорната работа и посветеноста. Не смеете да дозволите да ве мотивира неуспехот. Добрите работи им доаѓаат на оние кои чекаат, а одбивањето е прекрасен начин да го научите тоа.

4. Одбивањето прави да се запрашате кои се причините за тоа

Соочувањето со одбивањето може да ве натера да ги преиспитате своите причини за тоа што ви се случило. Со согледување на своите причини можете да откриете дека она што го правите можеби и не е најдобриот избор за вас, па така ќе откриете нешто подобро, нешто што повеќе ви одговара. Да правите нешто што сакате е силна причина и добра основа којашто ќе ви помогне во остварувањето на вашите цели.

5. Одбивањето ви помага да ги видите работите на почист начин

Одбивањето боли, но со моменталната болка доаѓа големо и долгорочно олеснување. Лошото чувство останува во вас, но веќе знаете каква е ситуацијата и ќе престанете да си вршите самите тортура околу тоа. Одбивањето не е пријатно, но тоа ви помага да ги видите работите појасно, а тоа е од витално значење. Конечно можете да продолжите понатаму.

6. Одбивањето ве прави посилни

Одбивањето е тешко и задава болка, но реалноста е дека тоа не ве убива, туку ве прави посилни. Тешко е да се надмине стравот од одбивање и првиот пат ќе страдате најмногу, но секој нареден удар ќе биде помалку болен. На крајот, вие ќе станете поцврсти и нема да се плашите од новите работи коишто доаѓаат, ќе бидете поискусни и повеќе подготвени да се справувате со предизвиците коишто доаѓаат во животот.

Животот е убав, без сомнение, но тука не се исклучени и страдањата. Причината зошто постои болката е да ве направи посилни. Обидете се да погледнете на сите неповолни ситуации како на уште една можност да станете посилни и да продолжите да се борите со вашите битки, со насмевка на вашето лице, знаејќи дека сè ќе биде во ред!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар