Соочување со најголемиот страв
Кој е вашиот најголем страв? Сте се запрашале ли некогаш зошто се плашите токму од тоа во тој степен и дали сте преземале нешто за да го надминете?
Линда Харисон имала фобија од змии. Нејзиниот страв бил толку голем што дури и кога ќе видела змија на телевизија, морала да ги затвори очите или да излезе од просторијата за да избегне напад на паника.
„Знам дека звучи патетично и ирационално, но дури и самата помисла на змии прави да треперам од страв.“
Таа решила да се соочи со својот страв со помош на работилница каде што ќе треба да одржува одредени јога положби во соба полна со змии. Станува збор за час по „Kumara Serpent Healing“, кој е многу сличен на традиционалната јога, но на крај сите кои учествуваат имаат шанса да погалат змија. Овој курс се наоѓа во „Центарот за јога, медитација и многу повеќе од тоа“ во Лондон, Англија.
„Часот беше многу напорен и се работеше многу брзо. Една јога положба, сигурно претпоставивте дека е наречена кобра, беше проследена со многу склекови. Но, болката која ја чувствував ми помогна да не размислувам на змиите во просторијата. Имаше и неколку чудни положби при кои се чувствував како идиот, но според инструкторката Квали Кумара, тие требаше да го трансформираат нашиот страв во љубов.“
По 2 напорни часови поминати во вежбање, целата група застанала во круг. Линда сè уште била преплашена од змиите и покрај изјавувањата на Квали Кумара дека се пријателски настроени.
„Земав воздух длабоко, ја испружив раката и допрев една змија, кралски питон. Таа се завитка околу мојата рака и почна да се движи накај моето рамо. Успеав да издржам контакт со сите 17 змии во просторијата и со секоја од нив се чувствував сè посигурно и повеќе под контрола на ситуацијата.“
Можеби ќе ви звучи чудно и невистинито, но по сè ова Линда успешно ја совладала својата фобија. Доколку и вие имате некаков страв или фобија која ви пречи во нормалното функционирање во текот на денот, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со нив:
- Дајте си слободно време. Одвлечете си го вниманието од стравот така што ќе излезете на воздух. Прошетајте 15 минути во најблискиот парк. Доколку не сте во можност да излезете направете си чај кој ќе ви помогне да се смирите. Никако не дозволувајте им на емоциите да преовладуваат со вас, бидејќи има големи шанси потоа да не можете да ги контролирате.
- Размислете што би било најлошото нешто што може да се случи. Ако имате лист и пенкало во близина почнете да ги запишувате сите мисли кои ви поминуваат низ глава и потоа прочитајте ги. Дури и да ви се оствари најлошото сценарио, големи се шансите дека ќе останете живи. 🙂
- Изложувајте се себеси на стравот. Ако се соочувате со него, тој ќе почне да бледнее бидејќи вашиот мозок ќе почне да сфаќа дека навистина не е толку страшно колку што сте мислеле претходно. Не мора одеднаш да се соочите целосно со стравот. Смислете си неколку помали предизвици кои ќе ги надминувате на дневна база.
- Визуелизирајте. Кога ќе се почувствувате нервозно, затворете ги очите, замислете си мирно и безбедно место (плажа, вашиот кревет…) и дозволете им на позитивните чувства да ве смират.
- Разговарајте отворено за вашите стравови. Споделете ги со најблиските и објаснете им детално кога се јавуваат тие и што е потребно да направите за да се смирите. Овие разговори многу често влијаат смирувачки на личноста и помагаат при полесно прифаќање на стравовите.
- Наградете се себеси. При секое успешно соочување и надминување на вашите стравови дозволете си масажа, прошетка во природата или пак, направете си го вашето омилено кафе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.