Соочете се со суровата реалност: Тој никогаш не мисли на вас
Тој не ве повредува намерно. Тој најверојатно не ни знае колку ноќи сте поминале будни мислејќи на него, колку солзи сте исплакале поради она што го направил или не го направил. Тој нема поим што ви се случува.
Со часови зјапате во телефонот и се прашувате дали ја прочитал пораката и уште колку време ќе му треба за да ви одговори. Но, тој не се обидува да глуми недостапен. Тој не гледа во стрелките на часовникот мерејќи уште колку време треба да почека пред да ви врати на пораката. Тој не сака намерно да ве измачува.
Тој веќе ја прочитал пораката, но заборавил на неа. Не ни помислил на вас. Можеби имал добра причина за неговото игнорирање. Можеби бил многу зафатен со работа или вниманието му било одвлечено од друга поважна порака. Каков и да е случајот, тој одлучил да не ви одговори цел ден. Тој одлучил да ве игнорира кога можел да разговара со вас.
Време е да се соочите со суровата реалност: Овој дечко не останува буден навечер за да мисли на вас. Тој не си замислува како ве бакнува. Не планира да ве претвори во негова официјална девојка. Да беше така, тој немаше да се однесува на овој начин. Немаше да ја игнорира секоја порака што му ја праќате секогаш кога има попаметна работа, а да ве бара во 2 часот по полноќ кога се чувствува осамено.
Постои причина зошто ги игнорира фотографиите што ги објавувате на Инстаграм и зошто никогаш не ги гледа вашите приказни на Снепчет. Постои причина зошто понекогаш му требаат со денови за да ви одговори на пораките, ако воопшто ви одговори.
Тоа е така затоа што не му е гајле. Вие не сте неговиот приоритет. Да му беше грижа за вас, ќе ви обрнеше повеќе внимание. Да му беше грижа, ќе беше присутен во вашиот живот.
За жал, фактот што ви дал комплимент, флертувал со вас на некоја забава и ви го побарал бројот не значи дека неговите намери се сериозни. Тоа нема никакво значење. Знаете каде треба да барате значење? Во одговорените пораки, одржаните ветувања и доброто однесување.
Сигурно сакате да верувате дека неговите чувства за вас се силни, поради тоа што одвреме-навреме тој излегува од неговата пештера и тврди дека му недостасувате, дека сака да ве види и сака да поминува време со вас. Но, да беше сето ова вистина, тој немаше да исчезне. Немаше да ве остави да чекате толку долго.
Точно е дека некои луѓе имаат навистина хаотичен и напорен живот. Но, ако тој има време да објавува по милион статуси на Фејсбук и да постира фотографии од него како пие со други девојки, а продолжува да ве игнорира секогаш кога ќе пројавите желба за краток разговор, тогаш треба да ви биде јасно како стојат работите. Заслужувате некој подобар и време е да продолжите понатаму.
Во продолжение прочитајте како да се справите со љубовно разочарување.