Солзите како лек за душата и телото: Со плачењето можете да ги решите овие здравствени проблеми!

Солзите како лек за душата и телото: Со плачењето можете да ги решите овие здравствени проблеми!

Научниците откриле дека плачењето може да има навистина големи здравствени придобивки. Понекогаш во нив дури се крие и лек. Еве во кои ситуации солзите можат да ви бидат од голема корист.

Стрес

Кога се нервозни и под стрес, плачењето може многу да ви помогне. Солзите можат да ве опуштат и како лек да ве смират. Според истражувањата, плачењето го активира парасимпатичкиот нервен систем кои делува смирувачки на мозокот.

Висок крвен притисок

Високиот крвен притисок може да доведе до неколку сериозни здравствени проблеми, како мозочен и срцев удар, деменција, па дури и проблеми со бубрезите. За среќа, солзите и тука можат да ви помогнат затоа што плачењето го намалува крвниот притисок, го смирува пулсот и го држи под контрола.

Акумулација на токсини

Солзите што течат од очите додека плачете можат да ги исчистат нечистотиите, како оние од чад и прашина. Исто така, тие ги чистат и токсините што се насобираат во телото поради стрес, а тоа помага при зголемување на кортизолот во телото, што резултира со подобро расположение.

Промена на расположението

Промените на расположението можат да се случуваат од различни причини, а една од нив е насобирањето манган во телото. Кога плачеме, вишокот манган излегува од телото заедно со солзите. Тоа ја намалува неговата концентрација и како резултат, нè смирува.

Физичка болка

Понекогаш кога чувствувате голема физичка болка, од вашите очи можат неконтролирано да капат солзи. Токму на тој начин се намалува болката. Истражувањата покажале дека со плачењето се ослободува окситоцин, познат како хормонот на љубовта и ендорфин, познат како хормонот на среќата. Тие помагаат да се чувствуваме подобро, а можат да ги олеснат и физичката и емоционалната болка.

Прочитајте ги и овие мајчини совети за љубовта: Тој треба да ги брише вашите солзи, а не да ги причинува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар